bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 12
Mark 12
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
1
И почна да им говори во параболи: »Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
2
А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3
Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.
4
И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.
5
Испрати и друг; него, пак го убија, и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.
6
Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘
7
Но лозарите си рекоа помеѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.‘
8
И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9
Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10
Зар не сте читале во Писмото: ‚Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот:
11
од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!‘«
12
И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.
13
А пратија кај Него од фарисеите и од Иродовците, за да го фатат на збор.
14
Тие дојдоа и Му рекоа: »Учителе, знаеме дека си правичен и дека не се боиш од никого, оти не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?«
15
А Он, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: »Зошто Ме искушувате? Донесете Ми еден динариј да го видам!«
16
И тие донесоа. Па им рече: »Чиј е овој лик и натпис?« Му рекоа: »На царот.«
17
Тогаш Исус им одговори и рече: »Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!« И тие Му се чудеа.
18
Дојдоа при Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи:
19
»Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.‘
20
Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.
21
Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.
22
Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената.
23
При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе биде жена? Оти седуммина ја имаа како жена.«
24
А Исус одговори и рече: »Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ниту силата Божја?
25
Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а се како ангели на небесата.
26
А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеја, како му рече Бог при капината: ‚Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковов‘?
27
Но Он не е Бог на мртвите, а Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете.«
28
Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: »Која е прва од сите заповеди?«
29
А Исус му одговори: »Прва од сите заповеди е: ‚Чуј, Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.
30
Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Тоа е првата заповед.
31
А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.«
32
Книжникот Му рече: »Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него;
33
и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.«
34
Исус, пак кога виде дека умно одговори, му рече: »Не си далеку од царството Божјо.« Потоа никој веќе не смееше да Го праша.
35
И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: »Како зборуваат книжниците дека Христос е син Давидов?
36
Сам, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: ‚Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, дури не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои!‘
37
И така, сам Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Он син?« И многу народ Го слушаше со сладост.
38
И им рече потоа во Својата поука: »Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците,
39
и предни седишта во синагогите, и први места на гозбите.
40
Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.«
41
Па седна Исус спроти ковчежето, и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.
42
И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант.
43
А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: »Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето;
44
зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целата своја прехрана.«
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16