bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 6
Mark 6
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
1
Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови.
2
И кога дојде саботата, Он почна да поучува, во синагогата, и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: »Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чудеса стануваат преку Неговите раце?
3
Не е ли Он дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јакова, Јосија, Јуда и Симона? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?« И се соблазнија заради Него.
4
А Исус им рече: »Пророкот никаде не останува без почест, освен во својата земја, меѓу роднините, и во својот дом.«
5
И не можеше таму да изврши никакво чудо; само многу малку болни излекува, полагајќи ги рацете врз нив.
6
И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7
И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
8
Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот,
9
но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10
И им рече: »Ако влезете негде во куќа, останете во неа, дури не си отидете оттаму.
11
А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на тој град.«
12
Тие појдоа и проповедаа покајание;
13
и изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со елеј, и лекуваа.
14
И цар Ирод разбра за Исуса, оти името Негово беше прочуено, па рече: »Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку него.«
15
Едни велеа: »Илија е!«, а други: »Пророк е, или како еден од пророците.«
16
А Ирод, штом чу, рече: »Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите.«
17
Зашто сам Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа.
18
Бидејќи Јован му велеше да Ирода: »Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!«
19
А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20
Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
21
И настана погоден ден, кога Ирод, по повод на својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски;
22
и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирода. Тогаш ѝ рече царот на девојката: »Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!«
23
И ѝ се заколна: »Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.«
24
А таа излезе и ја праша мајка си: »Што да побарам?« Таа ѝ одговори: »Главата на Јована Крстител!«
25
И одеднаш, кога влезе при царот со брзина, се помоли, говорејќи: »Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јована Крстител!«
26
Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже.
27
И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28
А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29
Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
30
И се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за сѐ, и што направиле, и на што поучувале.
31
А Он им рече: »Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.« Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат.
32
И отидоа со кораб сами во осамено место.
33
И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови тргнаа таму; ги испреварија и се собраа при Него.
34
А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу.
35
И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: »Овде е местово пусто, а и доцна е;
36
распушти ги за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, оти нема што да јадат.«
37
Он им одговори и рече: »Дајте им вие да јадат!« А тие Му рекоа: »Освен да отидеме и да купиме за двесте динарии леб, па да им дадеме да јадат?«
38
Потоа Он ги праша: »Колку лебови имате? Отидете и видете!« И кога видоа, рекоа: »Пет лебови и две риби.«
39
Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева.
40
И поседнаа на редици по сто и по педесет.
41
Он ги зеде петте лебови и двете риби, па, како погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите.
42
И јадеа сите и се наситија.
43
И кренаа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
44
А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45
И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Он не го распушти народот.
46
И како се оддели од нив, отиде во гората за да се помоли.
47
Приквечер коработ беше среде морето, а Он на суво.
48
И ги виде како се мачат при пловењето, оти ветрот им беше спротивен; а околу четвртата стража ноќта се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив.
49
А тие, штом Го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, па извикаа;
50
оти сите Го видоа и се уплашија. Он веднаш почна да говори со нив и им рече: »Не плашете се! Јас сум, не бојте се!«
51
И влезе при нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе;
52
зашто не се вразумија со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53
И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54
А штом излегоа од коработ, веднаш го познаа.
55
Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушнаа дека се наоѓа Он.
56
И каде и да влегуваше: во села, во градови или населби – на раскрсниците полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите, што се допираа до Него, се спасуваа.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16