bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 5
Mark 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
1
Премина отаде море, во страната Гадаринска.
2
И кога излезе Он од коработ, веднаш Го сретна еден човек од гробиштата со нечист дух.
3
Тој живееше во гробовите, и дури со вериги никој не можеше да го врзе;
4
оти многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше веригите и ги раскинуваше оковите, и никој не можеше да го скроти;
5
и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
6
Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони.
7
Па, како извика со висок глас, рече: »Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!«
8
Зашто му беше рекол: »Дух нечисти, излези од човекот!«
9
И го праша: »Како те викаат?« А тој одговори и рече: »Легион ми е името, оти сме многу.«
10
И Го молеа многу да не ги пади од тој крај.
11
А таму, по ридот пасеше голем број свињи.
12
И сите бесови Го молеа и велеа: »Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.«
13
И Исус веднаш им позволи. Па, како излегоа, нечистите духови – влегоа во свињите; и се гргнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14
А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало.
15
И дојдоа при Исуса, и го видоа бесниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легион, и се уплашија.
16
А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесниот и со свињите.
17
И почнаа да Го молат да си отиде од нивните краишта.
18
А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесен, Го помоли да биде со Него.
19
Исус не му позволи, но му рече: »Оди дома при своите, па раскажи им што ти направи Господ и како те помилува.«
20
Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
21
А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, при Него со собра многу народ. И беше покрај морето.
22
И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови
23
и Го молеше многу, говорејќи: »Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!«
24
И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
25
Една жена, што страдаше од крвотечение дванаесет години,
26
и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо,
27
штом чу за Исуса, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;
28
оти си велеше: »Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам!«
29
И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30
А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот па рече: »Кој се допре до облеката Моја?«
31
Учениците Негови Му рекоа: »Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: Кој се допре до Мене?«
32
Но Он гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33
Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34
А Он ѝ рече: »Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!«
35
Додека Он уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: »Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот?«
36
Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече: »Не бој се, а само верувај!«
37
И никому не му позволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот на Јакова.
38
Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде смут, плачење и силно врискање.
39
И кога влезе, им рече: »Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие.«
40
А тие Му се потсмеваа. Он, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41
И, кога ја фати раката на девојчето, рече: »Талита, куми!« – што значи: »Девојко, тебе ти велам, стани!«
42
И девојката одеднаш стана, и почна да оди, бидејќи имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
43
А Он строго им заповеда, никој да не разбере за тоа, и рече: »Дајте ѝ да јаде!«
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16