bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Mark 14
Mark 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
1
По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници; а првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат;
2
но велеа: »На празникот не, за да не стане бунт, меѓу луѓето.«
3
А кога беше Он во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши шишенцето, го изли мирото врз главата Негова.
4
А некои негодуваа во себе и говореа: »Зошто мирото да се растура така?
5
Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста динарии, и да се раздадат на сиромасите.« И негодуваа против неа.
6
Но Исус рече: »Оставете ја неа; зошто се буните? Таа направи добро дело за Мене.
7
Сиромасите секогаш ги имате со вас, и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8
Тоа што можеше, таа го направи: испревари да го помаже телото Мое за погребение.
9
Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.«
10
Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетте, отиде кај првосвештениците, за да им Го предаде.
11
А тие, штом чуја, се зарадуваа и ветија да му дадат сребреници. И бараше погодно време, за да Го предаде.
12
Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: »Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш пасхата?«
13
И прати двајца од учениците Свои, па им рече: »Отидете в град; и ќе ве сретне еден човек, што ќе носи вода во стомна; одете по него.
14
И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот вели: каде е собата, во која ќе ја јадам пасхата со учениците Свои?‘
15
И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.«
16
И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им беше рекол, па ја приготвија пасхата.
17
А кога се стемни, Он дојде со дванаесетте.
18
И кога седеа и јадеа, Исус им рече: »Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.«
19
Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да велат: »Да не сум јас?«
20
А Он им одговори и рече: »Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата.
21
Но Синот Човечки иде, како што е напишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не беше се родил!«
22
И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: »Примете, јадете; тоа е Моето тело.«
23
Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите.
24
И им рече: »Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина.
25
Вистина ви велам: Јас нема да пијам веќе од лозовиот плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.«
26
Па, откако испеаја благодарствена песна, отидоа во Елеонската Гора.
27
И им рече Исус: »Сите ќе се соблазните заради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе го поразам пастирот и ќе се разбегаат овците‘.
28
Но после, кога ќе воскреснам, ќе отидам во Галилеја пред вас.«
29
А Петар Му рече: »Дури и сите да се соблазнат, јас не!«
30
Му рече Исус: »Вистина, ти велам: дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене.«
31
Но тој уште повеќе тврдеше: »Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.« И сите така рекоа.
32
Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: »Седете овде, додека отидам да се помолам!«
33
И ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована; се замисли и почна да тагува,
34
па им рече: »Душата Ми е смртно нажалена; останете тука и бидете будни!«
35
И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине оној час, ако е можно;
36
и велеше: »Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како – Ти.«
37
Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петра: »Симоне, спиеш ли? Не можеш ли еден час да бидеш буден?
38
Бидете будни и молете се за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.«
39
И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите зборови.
40
А кога се врати, ги најде пак како спијат, оти очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41
И по третпат дојде и им рече: »Спиете само и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
42
Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава!«
43
И веднаш, дури Он уште говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратен од првосвештениците, книжниците и старешините.
44
А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: »Кого ќе Го целивам, Он е: фатете Го и водете Го претпазливо!«
45
Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: »Радувај се, Рави!« И Го целива.
46
А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47
Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48
Исус им одговори и рече: »Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?
49
Секој ден бев во храмот и поучував и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писмата.«
50
И тогаш, кога Го оставија, сите се разбегаа.
51
А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија.
52
Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53
И Го доведоа Исуса при првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54
А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55
Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56
Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, и тие сведоштва не беа еднакви.
57
И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58
»Чувме дека Он говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен‘«.
59
Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво.
60
И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса, говорејќи: »Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?«
61
Но Он молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: »Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?«
62
Исус рече: »Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на силата и како иде на облаците небески.«
63
А првосвештеникот, пак, штом ја раскина облеката своја, рече: »Зошто ни се повеќе сведоци?
64
Чувте како хули на Бога; како ви се чини?« И сите се согласија дека заслужува смрт.
65
А некои почнаа да плукаат на Него, да му го покриваат лицето, да Го бијат и да Му велат: »Проречи!« И Слугите Го удираа по образите.
66
Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67
па, штом го виде Петра како се грее, погледна во него и рече: »И ти беше со Исуса Назареецот.«
68
Но тој одрече, велејќи: »Не знам, ниту разбирам што говориш.« И излезе надвор пред дворот; и запеа петел.
69
Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: »И овој е од нив.«
70
Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петра: »Навистина, и ти си еден од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков.«
71
А тој почна да се колне и се заколна: »Не Го познавам Овој Човек, за Кого говорите.«
72
И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: »Уште пред двапати петел да запее трипати ќе се одречеш од Мене.« И почна да плаче.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16