bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Luke 13
Luke 13
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
1
Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви.
2
Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа?
3
Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете!
4
Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни од сите други што живеат во Ерусалим?
5
Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
6
И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа род, но не најде.
7
Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘
8
А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9
па, можеби ќе даде род; а ако не даде, тогаш отпосле ќе ја пресечеш.‘“
10
Во една од синагогите Тој поучуваше во сабота.
11
И ете, беше таму една жена која имаше дух на немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи;
12
штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, ослободена си од немоќта своја.“
13
И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14
А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во саботен ден, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во сабота!“
15
Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои?
16
А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“
17
И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот народ се радуваше за сите славни дела извршени од Него.
18
А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19
Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески се вгнездуваат на неговите гранки.“
20
И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?
21
Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.“
22
И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше.
23
Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече:
24
„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат.
25
Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве познавам од каде сте!‘
26
Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘
27
А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘
28
Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор.
29
И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.
30
И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
31
Во тој ден пристапија некои фарисеи и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“
32
И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и исцелувам денес и утре – а на третиот ден ќе завршам;
33
но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не може пророк да загине надвор од Ерусалим.
34
Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.
35
И ете, ви се остава пуст вашиот дом. И Јас ви велам дека нема да Ме видите сѐ додека не дојде времето да кажете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24