bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Luke 4
Luke 4
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
1
Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината.
2
Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот. Во текот на тие денови не јадеше ништо, а кога изминаа тие, најпосле огладне.
3
Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“
4
А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“
5
Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот.
6
И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7
Ако Ти ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.“
8
Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто напишано е: ‚На Господа, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“
9
И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!
10
Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те зачуваат;
11
и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“
12
И Исус му одговори и рече: „Кажано е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
13
Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.
14
И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15
А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.
16
И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата и стана да чита.
17
Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:
18
„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза да им соопштам радосна вест на сиромашните. Ме прати да ги исцелам оние со скрушено срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
19
да ја проповедам благопријатната година Господова!“
20
Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
21
И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“
22
И сите Му посведочија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“
23
А Тој им рече: „Некој од вас сигурно ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“
24
Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е омилен во својата татковина.
25
Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израил, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;
26
и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;
27
и имаше мнозина лепрозни во Израил во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.“
28
А кога го слушнаа тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
29
па станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.
30
Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
31
И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32
И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33
Во синагогата имаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:
34
„Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“
35
А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.
36
Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат!“
37
Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
38
Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Симон имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39
И како застана над неа, Тој ја прекори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.
40
И на зајдисонце, сите што имаа болни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
41
Од мнозина излегуваа демони со викање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им дозволуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос.
42
Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43
А Тој им рече: „И на другите градови треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пратен.“
44
И проповедаше по синагогите галилејски.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24