bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Luke 16
Luke 16
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
1
А на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот.
2
И тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘
3
А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам – се срамам.
4
Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на куќата.‘
5
И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘
6
Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘
7
Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто мери пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата и напиши осумдесет!‘
8
И го пофали господарот несправедливиот настојник, зашто постапил досетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9
И јас ви велам: создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.
10
Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот во малку и во многу е несправедлив.
11
Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12
И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон.“
14
Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15
И им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност.
16
Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилба влегува во него.
17
Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18
Секој, што ја отпушта жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја отпуштил мажот, прави прељуба.“
19
„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20
А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти,
21
кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22
Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа.
23
И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви.
24
Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘
25
Но Авраам рече: ‚Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш.
26
Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.‘
27
А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28
зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29
Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30
А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘
31
Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24