bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Luke 22
Luke 22
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
1
Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2
а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот.
3
И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу Дванаесетмината.
4
И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде.
5
Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници.
6
Тој вети и бараше погодно време, да им Го предаде без присуство на народот.
7
Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;
8
па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пасха, за да јадеме!“
9
А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“
10
Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек што носи стомна со вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,
11
и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘
12
И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“
13
Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.
14
А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесетмината со него.
15
И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам;
16
зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“
17
И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе,
18
зашто, ви велам, нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.“
19
Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“
20
Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
21
Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22
Синот Човечки, пак, заминува, според она што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.“
23
И почнаа да се прашуваат меѓу себе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
24
А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем.
25
Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26
Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слуга.
27
Зашто кој е поголем, тој што седи на трпеза, или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга.
28
Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите искушенија,
29
и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,
30
за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.“
31
И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;
32
но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“
33
А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“
34
Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, нема денес да запее петелот, додека ти трипати не одречеш дека Ме познаваш.“
35
Па им рече: „Кога ве праќав без ќесе, и без торба, и без обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“
36
И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож;
37
зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ‚И меѓу злосторници Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“
38
А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
39
И кога излезе, тргна, како обично, кон Маслиновата Гора; по Него одеа и учениците Негови.
40
А штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се за да не паднете во искушение!“
41
И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се дофрли, па откако ги преклони колената и се молеше,
42
велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“
43
И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44
Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45
Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46
И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!“
47
И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од Дванаесетмината, наречен Јуда, одеше пред нив; и Му приде на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“
48
А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“
49
Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“
50
И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51
А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото негово и го исцели.
52
А на првосвештениците и храмовните управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: „Како на разбојник ли сте излегле со мечеви и стапови за да Ме фатите?
53
Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на темнината.“
54
И кога Го фатија, Го поведоа и воведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.
55
Кога запалија оган насреде дворот и седнаа заедно, седна и Петар меѓу нив.
56
А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“
57
Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“
58
Малку потоа го виде еден друг и рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“
59
А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“
60
Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел.
61
Тогаш Господ се заврти и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“
62
И штом излезе надвор, заплака горко.
63
А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа.
64
Па, откако Го покрија, Го удираа по лицето, и го прашуваа, велејќи: „Проречи кој Те удри?“
65
И многу други хули рекоа против Него.
66
А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го одведоа во својот Синедрион,
67
и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви кажам, навистина нема да поверувате.
68
А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите
69
Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.“
70
И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“
71
А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.“
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24