bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Kings 1
2 Kings 1
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 2 →
1
По смртта на Ахав, Моав се побуни против Израел.
2
А Охозија падна низ прозорецот на горната соба од својот дворец, во Самарија, и тешко се повреди. Па испрати гласници и им рече: „Одете, прашајте го Веелзевул, екронското божество: ќе оздравам ли од оваа повреда?“
3
Тогаш ангел Господов му кажа на Илија тишбеецот: „Стани, пресретни ги пратениците на самарјанскиот цар и кажи им: ‚Зарем во Израел нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевул, екронското божество?‘
4
Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ И отиде Илија.
5
Се вратија гласниците кај Охозија. И тој ги праша: „Зошто се вративте?“
6
Тие му одговорија: „Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се кај царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: зар во Израел нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веелзевул, екронското божество? Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“
7
Тој ги праша: „Каков беше на изглед оној човек што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?“
8
Тие му одговорија: „Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.“ Тој рече: „Тоа е Илија тишбеецот.“
9
Тогаш испрати царот кај него педесетник со неговите педесетмина војници. И тој се искачи кај него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: „Човеку Божји, царот нареди да слезеш.“
10
Одговори Илија и му рече на педесетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина војници.“ И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.
11
Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина војници. И тој му проговори и рече: „Човеку Божји, вака вели царот: ‚Слези поскоро!‘“
12
Илија одговори и му рече: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина.“ И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина војници.
13
Царот испрати по третпат педесетник со неговите педесетмина војници. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: „Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги — овие педесетмина — пред твоите очи.
14
Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина војници; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!“
15
Тогаш му рече ангелот Господов на Илија: „Оди со него и не плаши се од него.“ И тој стана, та отиде со него кај царот.
16
И му рече: „Вака вели Господ: ‚Поради тоа што испрати гласници да го прашаат Веелзевул, екронското божество, како да немаше во Израел Бог да Го прашаш за словото Негово, — ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.‘“
17
И тој умре според словото Господово што го изрече Илија. И стана цар Јорам, место него, во втората година на Јорам, синот на Јосафат, царот јудејски, бидејќи оној немаше син.
18
Другото за Охозија, она што го извршил тој, е опишано во летописите на израелските цареви.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25