bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Kings 11
2 Kings 11
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 12 →
1
Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.
2
Но Јехошева, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Ахазиевиот син Јоас и го украде од убиваните царски синови, заедно со неговата доилка, и ги сокри од Готолија во спалната. Така тој не беше убиен.
3
И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Готолија царуваше над земјата.
4
На седмата година Јодај испрати да ги повикаат началниците на царската гарда и телохранителите, ги доведе кај себеси во домот Господов, склучи со нив сојуз, ги заколна во домот Господов и им го покажа царскиот син.
5
Тој им заповеда, велејќи: „Еве што ќе направите: едната третина од вас што доаѓа на служба во сабота, ќе стои на стража кај царскиот дом;
6
другата третина — кај Сурските Порти; и третата третина — кај портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот за да не стане насилство.
7
И два одреда од вас, од сите што си одат од служба во сабота, ќе стојат на стража кај домот Господов, околу царот;
8
и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; секој што ќе влезе во редовите, да биде убиен; и бидете кај царот, кога излегува и кога влегува.“
9
Стотниците направија сѐ што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои што доаѓаа на служба во сабота и кои се враќаа од служба во сабота, и дојдоа кај свештеникот Јодај.
10
И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што се наоѓаа во домот на Господ.
11
И застанаа телохранителите, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот кај жртвеникот и кај домот, околу царот.
12
Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: „Да живее царот!“
13
Кога Готолија го слушна гласот на растрчаниот народ, отиде кај народот во домот Господов.
14
А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и пред царот заповедниците и свирачите. Сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: „Предавство, предавство!“
15
Свештеникот Јодај им заповеда на заповедниците над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убијте го со меч!“ Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.
16
Ѝ направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.
17
И Јодај направи завет меѓу Господ, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.
18
Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваал, ги срушија жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, а Вааловиот жрец Матан го убија пред жртвениците. И свештеникот постави стража над домот Господов.
19
И ги зеде стотниците, и телохранителите, и брзоодците, и сиот народ од земјата, и го придружија царот од домот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.
20
Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25