bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Kings 20
2 Kings 20
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 21 →
1
Во тие денови се разболе Езекија до смрт. Тогаш дојде кај него пророкот Исаија, синот на Амоц, и му рече: „Вака вели Господ: ‚среди ги работите за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.‘“
2
Се сврте Езекија со лицето кон ѕидот и Му се помоли на Господ, велејќи:
3
„О Господи, спомни си дека јас одев пред лицето Твое верно, со срце предадено на Тебе, и го правев она што беше правилно пред очите Твои.“ И заплака Езекија силно.
4
Исаија уште не беше излегол од средниот двор, и дојде словото Господово кон него:
5
„Врати се и кажи му на Езекија, владетелот на Мојот народ: вака вели Господ, Бог на твојот предок Давид — Ја чув молитвата твоја, ги видов солзите твои. Јас ќе те излекувам; на третиот ден ќе отидеш во домот Господов;
6
и ќе додадам кон деновите твои петнаесет години, и ќе те спасам од рацете на асирскиот цар — тебе и твојот град, и ќе го заштитам тој град заради Себе и заради Мојот слуга Давид.“
7
Тогаш рече Исаија: „Земете суви смокви.“ И зедоа, и ги наложија на чирот; и тој оздраве.
8
Езекија му рече на Исаија: „Каков е знакот дека Господ ќе ме излекува и дека на третиот ден ќе одам во домот Господов?“
9
Исаија одговори: „Еве ти знак од Господ дека Господ ќе го исполни словото што го кажал — сакаш ли напред да оди сенката десет степени или десет степени назад?“
10
И рече Езекија: „Лесно е да се помести сенката десет степени напред; не, нека се врати сенката десет степени назад.“
11
Повика пророкот Исаија кон Господ, и Тој ја врати сенката назад десет степени според Ахазовите степени, по кои се спушташе сонцето.
12
Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син на Баладан од Вавилон, му испрати писмо и подароци на Езекија, зашто беше чул дека Езекија бил болен.
13
Езекија, откако ги слушна пратениците, им ги покажа ризниците свои, среброто и златото, и ароматите, и скапоцените масла, и целиот свој склад со оружје и сѐ што се наоѓаше во ризниците негови; и не остана нешто што не им го покажа Езекија во домот свој и во целото свое владение.
14
Пророкот Исаија дојде кај царот Езекија и го праша: „Што кажаа тие луѓе, и од каде дојдоа кај тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие, од Вавилон.“
15
Исаија пак праша: „Што видоа тие во домот твој?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом; не остана нешто што не им го покажав во ризниците свои.“
16
Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото Господово:
17
‚Еве, ќе дојдат дни, и сѐ што е во твојот дом, и што го собрале твоите предци до денес, ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане‘ — вели Господ.
18
Некои од твоите синови, кои ќе произлезат од тебе што ќе ги родиш, ќе бидат одведени и тие ќе бидат слуги во дворецот на вавилонскиот цар.“
19
А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово што ти го изрече.“ И продолжи: „Само нека има мир и правда во моите дни!“
20
Останатите дела на Езекија, за сите негови јуначни подвизи, за тоа како направи езера и водовод и спроведе вода во градот, опишано е во летописите на јудејските цареви.
21
И почина Езекија кај своите предци, а на негово место се зацари неговиот син Манасија.
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25