bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Kings 13
2 Kings 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 14 →
1
Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израел во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години.
2
Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел, и не отстапуваше од нив.
3
И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време.
4
Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израелците, како ги притеснуваше арамејскиот цар.
5
И Господ им даде на Израелците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Израелови во шаторите свои, како порано.
6
Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Самарија.
7
На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка.
8
Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израелските цареви.
9
И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово место се зацари неговиот син Јоас.
10
Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израел во Самарија во триесет и седмата година од владеењето на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години.
11
И тој го правеше она што не беше добро пред очите на Господ; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел на грев Израел, туку одеше по нив.
12
Другото за Јоас и за сѐ она што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израелските цареви.
13
И почина Јоас кај своите предци, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, кај израелските цареви.
14
Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израелскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израелова и негова коњицо!“
15
И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели.
16
Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот
17
и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“
18
И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израелскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре.
19
И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеше докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Арамејците само трипати.“
20
Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата.
21
И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои.
22
Царот на Арам Азаил ги мачеше Израелците во сите денови на Јоахаз.
23
Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврте кон нив поради заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
24
Царот на Арам Азаил умре, и наместо него стана цар неговиот син Венадад.
25
Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Венадад градовите што тој ги беше презел со војна од рацете на татко му Јоахаз. Трипати го разби Јоас, и ги врати израелските градови.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25