bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Kings 12
2 Kings 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 13 →
1
Јоас беше на седум години, кога стана цар.
2
Тој стана цар во седмата година од владеењето на Јуј и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.
3
А Јоас го правеше она што беше правилно пред очите на Господ во сите денови додека го поучуваше свештеникот Јодај;
4
само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5
Јоас им кажа на свештениците: „Сите пари од посветените дарови што се донесуваат во домот Господов, парите кои некому му се наметнати со процена, и парите што некои по сопствена волја ги принесуваат во домот Господов;“
6
„Свештениците нека ги приберат, секој од својот познат, и со нив нека го поправат расипаното во храмот, насекаде, каде што ќе се најде оштетено.“
7
Но бидејќи до дваесет и третата година на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,
8
царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодај и свештениците и им рече: „Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате пари од своите познати, туку ќе ги оставате за поправка на храмот.“
9
И свештениците се согласија да не прибираат веќе кај себе пари од народот за поправки во храмот.
10
Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците што стоеја на стража кај вратата, ги пуштаа таму сите пари што се внесуваа во домот Господов.
11
И кога ќе видеа дека има многу пари во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и ги врзуваа во торби и ги пребројуваа парите што се наоѓаа во домот Господов,
12
а преброените пари ги предаваа во рацете на определените за надзорници на домот Господов, и тие им плаќаа на дрводелците што работеа во домот Господов,
13
и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за сѐ што се трошеше за одржување на храмот.
14
Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби — никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од парите што се внесуваа во домот Господов,
15
туку ги предаваа на надзорниците и тие го поправаа со нив домот Господов.
16
И не бараа сметка од оние, на кои им ги доверуваа парите за плаќање на работниците, зашто тие постапуваа чесно.
17
Парите од жртвите за вина и парите од жртвите за грев не се внесуваа во домот Господов: тоа беше за свештениците.
18
Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
19
Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
20
Другото за Јоас и за сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
21
И се побунија слугите негови, направија заговор и го убија Јоас во Бет-Мило, на патот за Сила.
22
Го убија слугите негови: Јозавад, синот на Шимат, и Јехозавад, синот на Шомер, и тој умре, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место стана цар неговиот син Амасија.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25