bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 10
Deuteronomy 10
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 11 →
1
Тогаш Господ ми рече: „Исечи две камени плочи, слични на поранешните, и искачи се кај Мене на планината, и направи дрвен ковчег.
2
А Јас ќе ги напишам на плочите оние зборови што беа напишани на поранешните плочи, а кои ти ги скрши; и положи ги во ковчегот.“
3
И направив ковчег од дрвото шитим, па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во раце.
4
И ги напиша Тој на плочите, како што беше напишано порано; оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ.
5
Јас се свртев и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ.
6
Потоа заминаа синовите израелски од изворот на синовите Јаканови кон Мосера; и таму умре Арон и беше погребан, а на местото негово свештеник стана синот негов Елеазар.
7
Оттаму отидоа во Гудгода, а од Гудгода во Јатевата, во земјата со водни потоци.
8
Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Господ и да Му служи, и да го велича името Негово, како што е тоа и до ден денес;
9
поради тоа левитите немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог.
10
И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноќи; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби;
11
и Господ ми рече: „Стани, тргни на пат пред својот народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам.“
12
И сега, Израеле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се плашиш од Господ, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господ, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа;
13
да ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денес ти ги заповедам, за да ти биде добро.
14
Ете, небото и небото над небесата, земјата и сѐ што е на неа, е на Господ, твојот Бог;
15
но само предците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес.
16
И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави;
17
зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови,
18
Кој право суди, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека.
19
Сакајте го и вие придојдениот, бидејќи и вие самите бевте придојдени во египетската земја.
20
Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се;
21
Тој е твојата пофалба, Тој е твојот Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои;
22
твоите предци дојдоа во Египет седумдесет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвездите небески.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34