bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 15
Deuteronomy 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 16 →
1
Во седмата година проштевај!
2
И оваа е заповед за простувањето: секој кој дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејќи тоа е простување заради Господ;
3
од туѓинецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот,
4
за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ќе те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство.
5
Доволно е само да го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;
6
зашто Господ, твојот Бог, ќе те благослови, како што ти говорел, и ти ќе даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ќе владееш со многу народи, а над тебе никој нема да владее.
7
Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба,
8
туку отвори ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува;
9
чувај се, да не влезе во срцето твое лукава помисла: па да речеш — „Наближува седмата година, годината на простувањето“ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ќе повика против тебе пред Господ, и на тебе грев ќе падне;
10
подај драговолно заем, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејќи Господ, твојот Бог, ќе те благослови за тоа во сите твои работи и во сѐ, што вршат рацете твои;
11
зашто сиромаси ќе има секогаш во земјата; затоа и ти заповедам, велејќи ти: отворај ја раката твоја за твојот брат, за сиромавиот и за несреќниот во земјата твоја;
12
ако ти се продаде твој сонародник — Евреин или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода;
13
кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце,
14
туку дарувај го со нешто од стадата твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог;
15
помни дека ти беше роб во египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова.
16
Ако, пак, ти каже: „Не сакам да си одам откај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој, бидејќи ми е добро кај тебе,“
17
земи шило и продупчи му го увото на крилото од вратата твоја; и тој ќе ти биде роб засекогаш. Така постапувај и со робинката твоја.
18
За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејќи тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеќе — отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сѐ, што и да правиш.
19
Секое машко првородено, што ќе се роди од крупниот и од ситниот твој добиток, посветувај Му го на Господ, твојот Бог: не работи со првородениот вол свој и не стрижи ги првородените од ситниот твој добиток;
20
тоа јади го ти и челадта твоја пред Господ, твојот Бог, секоја година, на местото, што ќе го одбере Господ;
21
ако, пак, тоа биде со недостаток, — куцо, или слепо, не принесувај го како жртва на Господ, твојот Бог,
22
но во градовите твои нека се јаде; нечисто и чисто од него како што се јаде срна и елен;
23
само крвта не јади му ја: истурај ја на земјата како вода.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34