bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 7
Deuteronomy 7
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 8 →
1
Кога Господ, твојот Бог, ќе те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја освоиш, и ќе ги изгони од пред тебе многубројните народи: Хитијците, Гергесејците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, — седум народи, што се побројни и посилни од вас.
2
И кога ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ти ќе ги разбиеш, — тогаш предај ги на проклетство: не прави со нив сојуз и немој да ги поштедуваш;
3
и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
4
зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови; тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господ и Тој ќе ве истреби.
5
Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги, Ашерите нивни исечете ги и идолите нивни со оган изгорете ги;
6
зашто ти си свет народ на Господ, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов сопствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.
7
Не затоа, што сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, — бидејќи вие сте помалубројни од сите народи, —
8
туку затоа што Господ ве засака и ја одржи клетвата, со која Тој се беше заколнал на предците ваши; и ве изведе Господ со незапирлива сила, ве ослободи од домот на ропството, од раката на фараонот, египетскиот цар.
9
И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази заветот и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови до илјада поколенија;
10
а оние, кои Го мразат, ги казнува и ги погубува; Тој не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази.
11
И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, што денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш.
12
И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ќе го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Тој на вашите предци;
13
ќе те засака, ќе те благослови, ќе те намножи и ќе го благослови плодот на твојата утроба, и плодот на твојата земја: пченицата твоја, и виното твое, и маслото твое, и стелните крави твои, и објагнетите овци твои, во онаа земја, за која Тој им се заколна на татковците твои дека ќе ти ја даде;
14
благословен ќе бидеш повеќе од сите народи: нема да има ни бесплоден, ни бесплодна, како меѓу вас, така и меѓу добитокот твој;
15
и ќе ја отстрани од тебе Господ, секоја немоќ, и никакви лути египетски болести, што ги знаеш, нема да испрати врз тебе, туку ќе ги испрати на сите што те мразат;
16
и ќе ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејќи тоа е јамка за тебе.
17
Ако кажеш во своето срце: „овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?“
18
Не плаши се од нив; спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со фараонот и со целиот Египет.
19
Сети се за оние големи искушенија што ги видоа очите твои, на оние знаменија, и на големите чуда и на незапирливата сила, со која те изведе Господ, твојот Бог; тоа истото ќе го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се плашиш;
20
И стршели ќе испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе;
21
не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен.
22
И Господ, твојот Бог, ќе ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не се намножат против тебе дивите ѕверови;
23
но ќе ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ќе ги уплаши и тие ќе загинат;
24
и ќе ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ќе го истребиш името нивно од под небото: никој нема да издржи пред тебе додека не ги истребиш.
25
Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејќи е тоа одвратност пред Господ, твојот Бог;
26
и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш осуден на проклетство, како нив; одвраќај се од тоа и гнаси се од него, бидејќи тоа е проклетство.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34