bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 22
Deuteronomy 22
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 23 →
1
Ако видиш вол од ближниот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај него;
2
ако, пак, ближниот твој, не е близу до тебе, или, пак, не го познаваш, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека тој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3
така постапувај со магарето негово, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на ближниот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4
Ако го видиш магарето на ближниот твој или волот негов, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5
Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господ, твојот Бог.
6
Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со пилци или јајца, и мајката седи над пилињата или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7
мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8
Ако градиш нова куќа, направи околу покривот нејзин ограда, за да не падне некој од него, та да навлечеш крв на својата куќа.
9
Да не сееш во лозјето твое семиња од други видови растенија, за да не се осквернат плодот и семињата, со кои ќе го посееш и плодот на лозјето твое.
10
Да не ораш со вол и магаре заедно.
11
Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и од лен заедно.
12
Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13
Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14
и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: „Ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица“,
15
тогаш таткото на девојката и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на девојката кај старешините пред портата;
16
и таткото на девојката нека им каже на старешините: „Му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а тој ја намрази,
17
и ете, обвинува за порочни дела, велејќи: ‚не ја најдов ќерката твоја девица‘; но еве ги девствените белези на ќерката моја.“ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18
Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19
и да го глобат со сто шекели сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израелска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20
Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21
тогаш нека ја доведат девојката пред вратата на татковата ѝ куќа, и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израел, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22
Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израел.
23
Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24
тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: девојката поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25
Ако, пак, некој сретне во полето девојка свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26
а на девојката не правете ѝ ништо; кај девојката нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој го нападне ближниот свој и го убие;
27
бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената девојка и да викала, немало кој да ја спаси.
28
Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,
29
тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од девојката педесет шекели сребро, а таа да биде негова жена, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот свој живот тој не може да се разведе од неа.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34