bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 3
Deuteronomy 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 4 →
1
И се свртевме оттаму и појдовме кон Башан, и башанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, кај Едреи.
2
И ми рече Господ: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него, и целиот народ негов, и целата земја негова; и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон.“
3
И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот башански, и целиот народ негов; и го разбивме, така што од него не остана никој жив.
4
Тогаш му ги презедовме сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив: шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог Башански.
5
Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, без да го сметаме големиот број села.
6
И ние ги ставивме под клетва, како што направивме со Сихон, царот хешбонски, уништувајќи ги сите градови заедно со мажите, жените и децата;
7
а целиот добиток и пленот од градовите го разграбавме.
8
И во тоа време ја презедовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од оваа страна на Јордан, од потокот Арнон па сѐ до планината Ермон;
9
Сидончаните го викаат Ермон Сирјон, а Аморејците го нарекуваат Сенир.
10
Сите градови во рамнината, целиот Галаад и целиот Башан до Салеха и Едреи, беа градови од царството на Ог Башански;
11
зашто башанскиот цар Ог беше единствен преживеан од Рефаимците. Ете, неговиот мртовечки сандак сѐ уште може да се види во Рава, главен град на Амонците: железен одар — долг девет лакти, а широк четири лакти, машки лакти.
12
И тогаш ја добивме во наследство таа земја, почнувајќи од Ароер, кој е кај потокот Арнон; а половината од планината Галаад со нејзините градови му ја предадов на Рувимовото и на Гадовото племе.
13
Остатокот, пак, од Галаад и целиот Башан, царството на Ог, му го предадовме на половината од Манасиевото племе: целата област Аргов, со цел Башан. Таа земја се нарече Рефаимска.
14
Јаир, Манасиевиот потомок, ја презеде целата област Аргов, дури до пределите Гесуриски, и Маахатски, и ги нарече тие башански места Јаирови села, според своето име, како што се викаат тие и до ден денес.
15
На Махир му го дадов Галаад;
16
а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галаад дури до потокот Арнон, земјата меѓу потокот и пределот до потокот Јавок, граница на Амоновите потомци;
17
западната, пак, граница оди по долината на Јордан, помеѓу Генисаретското Езеро и Мртвото Море, до источното подножје на Фазга.
18
Тогаш и ви заповедав, велејќи: „Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја во владение; сите способни за војна, откако ќе се вооружите, појдете пред браќата ваши, синовите на Израел;
19
само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов,
20
додека Господ не им даде спокојство на вашите браќа, како и вам, и додека тие не ја наследат таа земја, која Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.“
21
А на Исус му заповедав во она време, велејќи: „Очите твои видоа сѐ, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ќе направи Господ и со сите царства, преку кои ќе минуваш.
22
Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас.“
23
И Му се помолив на Господ во она време, велејќи:
24
„Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, каква што е Твојата?
25
Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна земја преку Јордан, тие убави планински предели и Ливан.“
26
Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: „Доста, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа;
27
искачи се на врвот од Фазга и крени ги очите кон морето и кон север, кон југ и кон исток; погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан;
28
дај му совет на Исус, поткрепи го и охрабри го; зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели наследството во таа земја, на која ти ќе погледнеш.“
29
И останавме во долината спроти Бет-Пеор.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34