bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Deuteronomy 9
Deuteronomy 9
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 10 →
1
Чуј, Израеле: ти денес ќе го минеш Јордан да завладееш народи, поголеми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса,
2
луѓе големи, и многубројни, и високи, Анаковите потомци, за кои знаеш и си слушал: „Кој може да им се противстави на Анаковите потомци?“
3
Но сега знај дека Господ, твојот Бог, ќе оди пред тебе како оган, кој гори: Тој ќе ги истреби и ќе ги кутне пред тебе и ти наскоро ќе ги изгониш и ќе ги истребиш, како што ти рече Господ.
4
Кога ќе ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: „Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа земја. Затоа што поради беззаконијата на овие народи Господ ги прогонува од пред тебе.“
5
Не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради бесчестието на тие народи Господ, твојот Бог, ги изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, со кој им се заколна Господ на предците твои: Авраам, Исак и Јаков;
6
затоа знај сега дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, — бидејќи си тврдоглав народ.
7
Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустината: од оној ден, кога излеговте од египетската земја, па сѐ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господ.
8
И кај Хорив вие Го раздразнивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби.
9
Кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ го беше склучил со вас; тогаш останав на планината четириесет дена и четириесет ноќи, леб не јадев и вода не пиев;
10
и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието.
11
Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноќи, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот,
12
и ми рече Господ: „Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати; многу брзо тие отстапија од патот, што им го заповедав; тие си направија леан идол.“
13
И ми рече Господ: „Го гледам тој народ, ете, тоа е тврдоглав народ;
14
остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе ќе направам народ, посилен и помногуброен од нив.“
15
Јас се свртев и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце;
16
и видов дека вие бевте згрешиле против Господ, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ;
17
тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.
18
И Му се помолив на Господ, како и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноќи леб не јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господ, и Го разгневивте;
19
бидејќи јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш.
20
А и на Арон силно се разгневи Господ и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арон.
21
А гревот ваш, што го направивте — телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината.
22
И во Тавера, и во Маса, и во Киврот-Таава вие Го разгневивте Господа.
23
И кога Господ ве прати од Кадис-Барнеа, со зборовите: „Одете и освоете ја земјата, што ви ја давам,“ — вие ѝ се противставивте на заповедта на Господ, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов.
24
Вие Му бевте непокорни на Господ уште од оној ден, кога ве запознав.
25
И Му се молев на Господ, Го молев четириесет дена и четириесет ноќи, бидејќи Господ сакаше да ве истреби;
26
Му се молев на Господ и реков: „Господи, Господи, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака;
27
спомни Си за Твоите слуги Авраам, Исак и Јаков; не гледај на жестокоста на овој народ, ниту на нечесноста негова, ниту пак на гревовите негови,
28
за да рече оваа земја, од каде што нѐ изведе: — Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустината, —
29
а тоа е Твој народ и Твое наследство, што Ти го изведе со Својата незапирлива сила.“
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34