bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Genesis 24
Genesis 24
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 25 →
1
А Авраам беше веќе стар и во години. Господ го беше благословил во сѐ.
2
И му рече Авраам на слугата свој, на најстариот во домот негов, кој управуваше со целиот негов имот: „Стави ја раката своја под бедрото мое
3
и заколни ми се во Господ Бог на небото и Бог на земјата дека нема да земеш жена за синот мој од ќерките ханански, меѓу кои живеам,
4
туку ќе отидеш во земјата моја, каде што се родив, и ќе му доведеш жена на синот мој Исак оттаму.“
5
А слугата му рече: „Можно е девојката да не сака да појде со мене во оваа земја; да го одведам ли синот твој во земјата, од која си се иселил?“
6
А Авраам му рече: „Гледај да не го одведеш синот мој таму.
7
Господ, Бог на небесата, Кој ме зеде од домот на таткото мој и од земјата, каде што сум роден, и Кој ми рече и ми се заколна, велејќи: ‚на потомството твое ќе му ја дадам оваа земја‘, Тој ќе испрати ангел свој пред тебе, и ти ќе доведеш жена за синот мој оттаму.
8
Ако, пак, девојката не сака да појде со тебе, тогаш нека ти е простена клетвата моја; само синот мој не враќај го таму!“
9
И ја стави слугата раката своја под бедрото на Авраам, господарот негов, и му се заколна во тоа.
10
Потоа слугата зеде десет камили од камилите на господарот свој и тргна; со себе зеде и од драгоценостите на господарот свој. Тогаш стана и отиде во Месопотамија, во градот Нахоров.
11
И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечер кога жените излегуваат да полнат вода.
12
И рече: „Господи, Боже на господарот мој Авраам, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраам.
13
Еве, јас ќе стојам крај овој извор, и ќерките на градските жители ќе дојдат да налеат вода.
14
И на која девојка ќе ѝ речам — ‚Наведни ја стомната своја да пијам‘ — а која ќе рече — ‚На, пиј, и камилите твои ќе ги напојам‘, неа си ја определил за слугата Твој Исак; и по тоа ќе разберам дека му правиш милост на господарот мој.“
15
И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, ќерката на Ветуил, синот на Милка, жената на Нахор, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо.
16
А беше многу убава девојка, која маж уште не ја беше познал. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре.
17
Тогаш слугата излезе пред неа и рече: „Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!“
18
А таа одговори: „Еве, пиј, господаре.“ И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајќи додека не се напие.
19
А кога се напои, му рече: „И на камилите твои ќе им налевам додека не се напијат.“
20
И веднаш ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови.
21
А човекот ја гледаше со восхит и молкум, сакајќи да узнае дали го благословил Господ патот негов или не.
22
А откако камилите се напоија, човекот извади златна обетка, тешка една бека, и две гривни за нејзините раце, од десет шекели злато.
23
И рече: „Чија ќерка си? Кажи ми: има ли во куќата на таткото твој место за преноќевање?“
24
А таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ветуил, синот на Милка, која му го роди на Нахор.“
25
И уште му рече: „Има кај нас многу слама и крма; а и место за ноќевање.“
26
Тогаш човекот се наведна и Му се поклони на Господ,
27
па рече: „Нека е благословен Господ Бог на господарот мој Авраам, Кој не го остави господарот мој без Своја милост и Својата верност. Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој.“
28
Девојката, пак, отрча дома и сето ова го кажа на својата мајка.
29
А Ревека имаше брат, по име Лаван. Лаван побрза кон човекот крај изворот.
30
Откако ги виде обетката и гривните на рацете од сестрата своја и чу кога сестра му Ревека рече — вака ми зборуваше човекот — тогаш појде кај човекот; а тој стоеше со камилите кај изворот.
31
И рече: „Дојди ти, кој си благословен од Господ; зошто да стоиш надвор? Јас ја приготвив куќата; а има место и за камилите.“
32
Тогаш човекот дојде во куќата; и ги растовари камилите; и им дадоа слама и крма на камилите, а му донесоа и вода за нозете негови и за луѓето, кои беа со него, за да ги измијат.
33
И им поставија храна да јадат. Но тој рече: „Нема да јадам додека не кажам за што сум дојден.“ И му рекоа: „Зборувај!“
34
Тогаш рече: „Јас сум слуга Авраамов.
35
Господ го благослови господарот мој многу, та стана богат; и му даде овци и говеда, сребро и злато, и слуги и слугинки, и камили и магариња.
36
А Сара, жената на господарот мој, во старост му роди син на господарот мој, и тој му го даде целиот свој имот.
37
Мене, пак, ме заколна господарот мој, велејќи: ‚Немој да му доведеш на синот мој жена од ќерките на Хананците, во чија земја живеам;
38
туку појди во домот на таткото мој, кај роднините мои, и оттаму земи жена за синот мој.‘
39
А јас му реков на господарот мој: ‚Можеби девојката не ќе сака да појде со мене!?‘
40
А тој ми рече: ‚Господ, во чие присуство ќе одиш, ќе испрати ангел Свој со тебе, и ќе ти го покаже патот твој до целта и ти ќе земеш жена за синот мој од родот мој, од домот на таткото мој.
41
Тогаш ќе ти биде простена клетвата моја, кога ќе отидеш кај роднините мои; а и ако не ти ја дадат, ќе бидеш ослободен од клетвата моја.‘
42
И кога дојдов денес на изворот, реков: Господи, Боже на господарот мој Авраам, ако си ме упатил на прав пат, по кој одам,
43
еве, јас ќе застанам крај изворот, и на девојката, која ќе дојде да налее вода, ќе ѝ речам — Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја, —
44
и ако таа ми одговори — Еве, и ти пиј, и на камилите твои ќе им налеам — таа нека биде жената, која Господ ја определил за синот на господарот мој.
45
Јас уште не го изреков тоа во срцето свое, а Ревека дојде со стомната на рамо, и слегувајќи на изворот, налеа; а јас ѝ реков — ‚Дај ми да се напијам.‘
46
И таа веднаш ја спушти стомната и рече — ‚Еве, пиј ти; и камилите твои ќе ги напојам.‘ — Се напив, и камилите мои ги напои.
47
Тогаш ја прашав и реков: — ‚Чија ќерка си?‘ А таа одговори: — ‚Јас сум ќерка на Ветуил, синот на Нахор, кого му го роди Милка‘. Тогаш ѝ ги ставив обетките и гривните на рацете нејзини.
48
Па Му се поклонив на Господ; и Го благословив Господ Бог на господарот мој Авраам, Кој ме поведе по правиот пат да ја земам ќерката од братот на господарот мој за неговиот син.
49
А сега кажете ми: Ќе му направите ли милост и правда на господарот мој, или не? Ако, пак, не сакате, кажете ми, и јас ќе тргнам надесно или налево.“
50
А Лаван и Ветуил одговорија: „Од Господ дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро.
51
Ете, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ.“
52
А кога ги чу слугата Авраамов зборовите нивни, Му се поклони на Господ доземи.
53
Потоа слугата извади златни и сребрени работи, и облека, и ѝ ги даде на Ревека; а и на братот нејзин и на мајката нејзина им даде скапи подароци.
54
Па јадеа и пиеја, тој и луѓето што беа со него, и ноќеваа. А утредента кога станаа, тој рече: „Пуштете ме да се вратам кај господарот мој!“
55
А братот нејзин и мајка ѝ рекоа: „Нека остане девојката кај нас макар уште десет дена, па тогаш одете.“
56
Но тој им рече: „Не задржувајте ме, зашто Господ го благослови мојот пат; пуштете ме да си одам кај господарот мој!“
57
А тие рекоа: „Да ја викнеме девојката, и да ја прашаме, што ќе рече таа.“
58
И ја повикаа Ревека, па ѝ рекоа: „Сакаш ли да одиш со овој човек?“ А таа одговори: „Сакам.“
59
И ја пуштија Ревека, сестрата своја, и доилката нејзина, со слугата Авраамов и луѓето негови.
60
Ја благословија Ревека и ѝ рекоа: „Сестро наша, да се народат од тебе илјади и илјади, и потомството твое да ги завладее домовите на непријателите твои!“
61
И стана Ревека со слугинките, и се качија на камилите, и тргнаа со човекот. Така слугата ја зеде Ревека и си отиде.
62
А Исак беше дошол од Беер Лахај Рои, зашто живееше во јужниот крај.
63
Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа — ете, камилите идат.
64
Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исак, слезе од камилата
65
и го праша слугата: „Кој е оној човек, што преку полето ни доаѓа во пресрет?“ А слугата одговори: „Тоа е господарот мој.“ — Тогаш таа зеде превез, па се покри.
66
И му раскажа слугата на Исак сѐ што беше направил.
67
Тогаш Исак ја одведе во шаторот на Сара, мајката своја, и ја зеде Ревека и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Сара, мајката своја.
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 25 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50