bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Genesis 9
Genesis 9
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 10 →
1
Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Плодете се и множете се, и полнете ја земјата!
2
А сите земни животни и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени.
3
Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки.
4
Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв!
5
А за вашата крв, во која е вашиот живот, ќе барам сметка; од секој ѕвер ќе ја барам; ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов;
6
кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји.
7
Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“
8
И му рече Господ на Ное и синовите негови со него, велејќи:
9
„А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас,
10
и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни;
11
го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“
12
И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија:
13
божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата.
14
Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот,
15
и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот.
16
Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“
17
И му рече Бог на Ное: „Тоа е знакот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“
18
Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Ханан.
19
Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја.
20
А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21
И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22
А Хам, таткото на Ханан, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои.
23
Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на својот татко.
24
А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот негов син,
25
па рече, „Проклет да е Ханан; тој ќе биде слуга на слугите од браќата свои!“
26
И уште рече: „Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга!
27
Нека го рашири Бог Јафет, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан ќе му биде слуга!“
28
И поживеа Ное по потопот триста и педесет години.
29
А сѐ на сѐ поживеа Ное деветстотини и педесет години; потоа умре.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50