bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Genesis 47
Genesis 47
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 48 →
1
И отиде Јосиф, па му јави на фараонот, велејќи: „Таткото мој и браќата мои, со својот ситен и крупен добиток, и со сѐ што имаат, дојдоа од хананската земја; и, ете, тие се сега во земјата Гесем.“
2
И земајќи од браќата свои пет души — ги претстави пред фараонот.
3
А фараонот им рече на браќата негови: „Каква работа работите?“ Тие му одговорија на фараонот: „Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци.“
4
И уште му рекоа на фараонот: „Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за добитокот на слугите твои, бидејќи голем глад завладеа во хананската земја; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјата Гесем.“
5
А фараонот му рече на Јосиф: „Таткото твој и браќата твои дојдоа кај тебе;
6
земјата египетска е под твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браќата твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледници над мојот добиток.“
7
Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред фараонот: Јаков го благослови фараонот.
8
А фараонот го праша Јаков: „Колку години имаш?“
9
Му одговори Јаков на фараонот: „Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет години. Малку се, а беа и несреќни и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја.“
10
Потоа Јаков го благослови фараонот и си отиде од него.
11
А Јосиф ги насели и таткото свој и браќата свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата египетска во областа Рамесес, како што беше заповедал фараонот.
12
И му даваше Јосиф жито на таткото свој и на браќата свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
13
Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истоштија египетската и хананската земја од глад.
14
И го собра Јосиф сето сребро што се наоѓаше во земјата египетска и во земјата хананска, за житото, што го купуваа, и го однесе Јосиф среброто во домот фараонов.
15
И снема сребро во земјата египетска и во земјата хананска. Тогаш сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф и викаа: „Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Среброто веќе заврши.“
16
А Јосиф им велеше: „Дајте го добитокот свој, па ќе ви дадам храна за добитокот, штом среброто сте го потрошиле.“
17
И го доведуваа добитокот свој кај Јосиф, а Јосиф им даваше жито за коњите, за ситниот и крупниот добиток и за магарињата. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни.
18
А кога помина таа година, почнаа пак да доаѓаат кај него и втората година, велејќи: „Нема да криеме од господарот наш дека среброто наше сврши, а и стадата добиток се кај господарот наш, па не ни остана веќе ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
19
За да не пропаднеме пред очите твои, купи нѐ нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти.“
20
И така Јосиф ја купи за фараонот сета земја во Египет, бидејќи сите Египќани ја продадоа својата земја на фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана фараонова.
21
А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
22
Само не ги купи имотите на свештениците, бидејќи фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил фараонот. Затоа тие не ја продадоа својата земја.
23
Јосиф, пак, му рече на народот: „Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
24
Но од родот една петина ќе му давате на фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши, како и за прехрана на вашите деца.“
25
А тие рекоа: „Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на фараонот.“
26
И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата египетска: петина му припаѓа на фараонот, освен од земјата на свештениците, што не стана фараонова.
27
А Израел се насели во египетската земја, во областа Гесем, и ја владееја, и се изнародија и намножија многу.
28
И поживеа Јаков во египетската земја седумнаесет години; Јаков живееше вкупно сто четириесет и седум години.
29
А кога се наближи времето Израел да умре, го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми дека нема да ме погребеш во Египет.
30
Но за да почивам кај татковците мои, ќе ме пренесеш надвор од Египет и ќе ме погребеш во гробот нивни.“ А тој рече: „Ќе направам како што велиш.“
31
И му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна. Тогаш Израел му се поклони врз перницата од својата постела.
← Chapter 46
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 48 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50