bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Genesis 38
Genesis 38
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 37
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 39 →
1
А во тоа време Јуда се оддели од браќата свои, и се насели во близина на некој човек Адуламиец, по име Хира.
2
Таму Јуда ја виде ќерката на некој Хананец, чие име беше Шуа, и ја зеде и легна со неа.
3
Таа забремени, и роди син; и тој го нарече Ер.
4
Одново зачна, и пак роди син, и нему му стави име Онан.
5
И пак роди син, и го именува Шела. А Јуда беше во Кезив, кога таа го роди него.
6
И Јуда го ожени првородениот син свој Ер со девојката по име Тамара.
7
Но Ер, првенецот Јудин, беше лош пред Господ, и Господ го погуби.
8
Тогаш Јуда му рече на Онан: „Влези кај вдовицата од братот твој, и ожени се со неа како девер, за да го запазиш потомството на братот твој.“
9
А Онан, знаејќи дека породот нема да биде негов, кога легнуваше со жената на братот свој, го излеваше семето наземи, за да не му даде потомство на братот свој.
10
Но тоа што го правеше, беше зло пред очите на Бога, па затоа и него го погуби.
11
Тогаш Јуда ѝ рече на својата снаа Тамара: „Живеј како вдовица во куќата на таткото твој додека порасне Шела, синот мој.“ Зашто, си велеше, да не умре и тој како браќата негови. И отиде Тамара, и живееше во куќата на својот татко.
12
Измина многу време и умре ќерката на Шуа, жената на Јуда. А кога Јуда се утеши, појде во Тимна кај луѓето што му го стрижеа стадото, тој сам и неговиот пријател Хира, Адуламиецот.
13
И ѝ јавија на Тамара: „Ете, свекорот твој оди во Тимна да го стриже стадото свое.“
14
А таа ја соблече од себе вдовичката облека, си стави превез, па седна пред портата на Енаим, што е на патот за Тимна. Таа виде дека Шела беше пораснал, а неа уште не му ја даваа за жена.
15
Кога ја виде Јуда, помисли дека е блудница, зашто таа го беше покрила лицето свое.
16
И тој отиде кај неа и ѝ рече: „Дозволи ми да легнам со тебе!“ Зашто не знаеше дека е неговата снаа. А таа рече: „Што ќе ми дадеш, за да легнеш со мене?“
17
А тој одговори: „Ќе ти испратам јаре од стадото.“ А таа му рече: „Ќе ми дадеш ли залог, додека не го испратиш?“
18
А тој рече: „Каков залог да ти дадам?“ А таа му одговори: „Својот прстен, појасот и стапот што ти е во раката.“ И тој ѝ ги даде, па легна со неа; и таа зачна од него.
19
Потоа таа стана и си отиде; го симна превезот од себе и ја облече вдовичката облека.
20
А Јуда испрати јаре по другарот свој, Адуламиецот, за да си го поврати залогот од жената, но тој не ја најде.
21
Па ги праша луѓето од она место, велејќи: „Каде е блудницата што беше на распаќето во Енаим?“ А тие одговорија: „Овде немаше блудница.“
22
И тој се врати кај Јуда и рече: „Не ја најдов. Дури мештаните ми рекоа дека таму немало блудница.“
23
А Јуда рече: „Нека си ги задржи, само да не ми се смеат; јас ѝ го испратив и јарето, но ти не ја најде.“
24
А кога изминаа околу три месеци, му јавија на Јуда, велејќи: „Тамара, снаата твоја се оддала на блуд и, ете, бремена е од блуд.“ А Јуда рече: „Изведете ја за да се запали!“
25
А кога ја поведоа, таа прати на свекорот нејзин да му кажат: „Сум зачнала од човек, на кој му припаѓаат овие нешта!“ И рече: „Познај, чиј е прстенов, појасов и стапов!“
26
А Јуда ги препозна, па рече: „Таа е поправедна од мене, бидејќи не ја дадов на синот свој Шела.“ И повеќе не легна со неа.
27
И кога дојде времето да роди, а тоа — близнаци во утробата нејзина.
28
И кога се породуваше, едното дете ја покажа раката, а бабицата зеде и му врза црвен конец околу раката, велејќи: „Овој е првенец.“
29
Но тоа ја повлече раката, и ете излезе неговото братче, а таа рече — како ја проби обвивката? И му ставија име Фарес.
30
А потоа излезе неговото братче со црвен конец на раката. Нему му ставија име Зерах.
← Chapter 37
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 39 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50