bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Genesis 41
Genesis 41
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 40
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 42 →
1
А по две години сони сон фараонот — како стои крај една река.
2
И одеднаш — од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат во мочуриштето;
3
а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и застанаа кај другите крави на брегот.
4
И грдите и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави. Тогаш се разбуди фараонот.
5
Потоа пак заспа и сони втор сон, а тоа — седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
6
а по нив израснаа седум празни, исушени од ветар.
7
Потоа празните и исушените класја ги изедоа седумте големи и јадри класја. Тогаш фараонот се разбуди, но тоа беше сон.
8
Утредента се вознемири душата негова, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на фараонот.
9
Тогаш му проговори на фараонот главниот винар и рече: „Денес се сетив за гревот мој.
10
Кога фараонот се налути на слугите свои и нѐ фрли в затвор во куќата на стражарскиот заповедник, мене и главниот пекар,
11
сонувавме во иста ноќ јас и тој, но секој од нас свој сон видовме со свое значење.
12
А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот.
13
И како што ни кажа, така и стана: јас бев вратен на мојата служба, а оној другиот беше обесен.“
14
Тогаш фараонот нареди, та го повикаа Јосиф, и брзо го изведоа од затворот, а тој се потстрижа и се преоблече, па излезе пред фараонот.
15
А фараонот му рече на Јосиф: „Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам дека умееш да толкуваш соништа.“
16
Јосиф му одговори на фараонот и рече: „Тоа не е од мене, туку Бог ќе му даде одговор на фараонот за негово добро.“
17
И му рече фараонот на Јосиф, велејќи: „Сонив, како стојам крај брегот на реката;
18
и одеднаш — од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат во мочуриштето;
19
и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, не сум видел толку грди во целата земја египетска.
20
И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели.
21
А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив.
22
Па пак сонив, а тоа — седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
23
а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар.
24
И празните класја ги проголтаа седумте убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни.“
25
А Јосиф му рече на фараонот: „Сонот фараонов е еден: Господ му јавува на фараонот, што ќе направи.
26
Седумте убави крави се седум години, и седумте убави класја се пак седум години; обата сона се еден сон.
27
Седумте слаби и грди крави, кои излегоа по оние, се седум години; и седумте класја празни и исушени од ветар се седум години глад.
28
Тоа е она што веќе му го реков на фараонот: Бог му кажува на фараонот што ќе прави.
29
Ете, ќе дојдат седум години многу родни по целата земја египетска;
30
а по нив ќе настапат седум гладни години; ќе се заборави сето она изобилство во земјата египетска, и глад ќе настапи во земјата.
31
И нема да се знае дека во земјата порано имало изобилие — поради гладот — што ќе дојде, зашто ќе биде многу голем.
32
А тоа, што фараонот сонил двапати едноподруго, значи дека Божјиот збор е вистински и дека Бог наскоро ќе го направи тоа.
33
А сега фараонот нека побара човек мудар и разумен, па да го постави над египетската земја.
34
И нека заповеда фараонот да бидат поставени старешини по земјата, па да собираат петина од сите жетви по земјата египетска во текот на седумте родни години;
35
нека собираат тие секаква зрнена храна во седумте родни години што доаѓаат; житото да го собираат во градовите со овластување од фараонот и храната во градовите да се чува.
36
И таа храна да биде запазена за седумте гладни години што ќе настапат во египетската земја, за да не пропадне земјата од глад.“
37
Ова му се допадна на фараонот и на сите слуги негови.
38
Па им рече фараонот на слугите свои: „Зар можеме да најдеме човек, како што е овој, во кого има Божји дух?“
39
И му рече фараонот на Јосиф: „Бидејќи Бог тебе ти го откри сево ова, значи дека нема човек толку мудар и разумен како што си ти.
40
Ти ќе бидеш над домот мој, и целиот народ мој ќе го слуша твојот збор; само со престолот ќе бидам поголем од тебе.“
41
И уште му рече фараонот на Јосиф: „Еве, те поставувам денес тебе над целата египетска земја.“
42
И го извади фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосиф на рака, и го облече во облека од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот.
43
И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува: „Аврех!“ И го постави над целата земја египетска.
44
И фараонот му рече на Јосиф: „Јас сум фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја египетска.“
45
И го нарече фараонот Јосиф Цафенат-Панеах; и го ожени со Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он.
46
А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред фараонот, царот египетски. И, откако отиде од фараонот, тој ја обиколи целата земја египетска.
47
И за седум родни години земјата роди во изобилство.
48
И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше египетската земја, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви.
49
Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокот морски, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број.
50
А пред да настанат гладните години, му се родија на Јосиф два сина, кои му ги роди Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он.
51
И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејќи: „Зашто Бог ми овозможи да ги заборавам несреќите мои и целиот дом на мојот татко.“
52
А вториот го нарече Ефрем, велејќи: „Бидејќи Бог ме направи плоден во земјата на маките мои.“
53
Но изминаа седумте родни години во египетската земја,
54
и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата египетска земја имаше леб.
55
Но, кога почна да гладува и египетската земја, народот му бараше на фараонот леб. А фараонот им рече на сите Египќани: „Одете кај Јосиф, па како што ќе каже тој, така правете.“
56
А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египќаните жито, бидејќи настана голем глад во египетската земја.
57
И од сите земји доаѓаа во Египет да купуваат жито од Јосиф, зашто настана голем глад по целата земја.
← Chapter 40
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 42 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50