bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 15
Leviticus 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 16 →
1
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
2
„Известете ги синовите израелски и кажете им: ако некој маж има течење од крајната своја плот, нечист е поради тоа течење.
3
А ова е за неговата нечистота: кога течењето истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистота во него самиот.
4
Секоја постела, на која ќе легне оној кој има истечување, нечиста е; и секој предмет, на кој ќе седне, нечист е.
5
И кој ќе се допре до неговата постела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и ќе биде нечист до вечерта.
6
А и кој ќе седне на некој предмет, на кој седел оној кој има истечување, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
7
И кој се допре до телото на оној кој има истечување, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
8
Ако оној, кој има истечување, плукне на чист, тогаш тој да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта;
9
и секое седло, на кое седел оној кој има истечување, нечисто е;
10
и секој кој ќе се допре до што и да било, што било под него, нечист ќе биде до вечерта; и оној кој ќе го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
11
И секој, до кого што ќе се допре оној кој има истечување, без да си ги измие рацете свои, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и нечист ќе биде до вечерта.
12
Глинен, пак, сад до кој ќе се допре оној кој има истечување, да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода.
13
А кога оној, кој има истечување се излекува од своето течење, нека си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со изворска вода, па ќе биде чист;
14
а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господ кај влезот од скинијата на собранието, и да му ги даде на свештеникот.
15
А свештеникот едната од тие птици ќе ја принесе како жртва за грев, а другата — за сепаленица; и ќе го очисти свештеникот од течењето негово пред лицето Господово.
16
Ако на некој маж му се случи истечување на семе, тогаш тој треба да го измие со вода целото свое тело и ќе биде нечист до вечерта;
17
секоја облека или кожа, на која ќе се излее семе, треба да се испере со вода и ќе биде нечиста до вечерта.
18
Ако жена легне со маж, и на мажот му се случи истечување на семе, тие и обајцата треба да се измијат со вода и ќе бидат нечисти до вечерта.
19
Кога жена има истечување на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека се очисти, и секој што ќе се допре до неа, ќе биде нечист до вечерта.
20
И сѐ, на што ќе легне таа, додека трае очистувањето нејзино, нечисто е; и сѐ, на што ќе седне таа, пак е нечисто.
21
И секој што ќе се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
22
А и секој, што ќе се допре до каков и да било предмет на кој таа седела, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
23
И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта.
24
А ако со неа легне некој маж, нечистотата нејзина ќе мине на него: ќе биде нечист седум дена, и секоја постела на која ќе легне тој, ќе биде нечиста.
25
Ако некоја жена има истечување на крв повеќе денови, но не во времето на нејзиното природно очистување, и ако таа има истечување подолго од нејзиното обично чистење, сѐ додека трае нечистотата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое.
26
Секоја постела, на која ќе легне таа во деновите на течењето нејзино, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и сѐ она, на што ќе седне таа, да биде нечисто, како што е нечисто тоа во времето на нејзиното чистење.
27
И секој кој ќе се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ќе биде до вечерта.
28
А кога жена ќе се исчисти од течењето свое, да изброи седум дена и потоа ќе биде чиста.
29
Во осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот кај влезот од скинијата на собранието;
30
а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата — за сепаленица, и ќе ја направи чиста свештеникот пред Господ поради истечувањето на нечистотијата нејзина.
31
Така пазете ги синовите на Израел од нивната нечистота, за да не умрат во нечистотијата своја, и да го осквернат Моето живеалиште, што е меѓу нив.
32
Тоа е законот за оној што има течење, и за оној што ќе му се случи да има истечување на семе, бидејќи тоа го прави нечист;
33
а и за онаа што страда поради чистењето свое, и за оние кои имаат истечување, маж или жена, и за маж што ќе преспие со нечиста.“
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27