bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 3
Leviticus 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 4 →
1
„Но, кога некој принесува жртва за мир, а ја принесува од крупниот добиток, било машко или женско, нека ја принесе пред Господ без недостаток;
2
и нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и нека ја заколе кај влезот во скинијата на собранието, а свештениците, синовите Аронови, нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.
3
Од жртвата за мир нека Му принесе на Господ принос — лојот што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината.
4
И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубрезите;
5
синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица, што е врз дрвата, на огнот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ.
6
Ако, пак, Му принесува на Господ жртва за мир од ситниот добиток, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.
7
Ако јагне принесува како своја жртва, нека го приведе пред Господ;
8
и нека ја стави раката своја врз главата на својата жртва, и нека ја заколе пред вратата од скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.
9
Потоа од жртвата за мир нека го принесе како жртва на Господ и лојот, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,
10
и обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели;
11
свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; тоа е храна на огнот — принос на Господ.
12
Ако, пак, принесува жртва на Господ од козите, нека ја претстави пред Господ,
13
и нека ја стави раката своја врз главата нејзина, па нека ја заколе пред скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.
14
Од неа нека Му го принесе на Господ како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,
15
и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и кошулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.
16
А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот — благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ.
17
Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27