bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 20
Leviticus 20
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 21 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им го на синовите израелски ова: ако некој од синовите израелски или од придојдените, кои живеат меѓу Израелците, му принесе жртва на Молох од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие.
3
И Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов, затоа што му принел на Молох жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се обесчести Моето свето име.
4
И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ќе му принесе на Молох жртва од своите деца, и не го убие,
5
тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и против неговиот род, и ќе го истребам него и сите негови едномисленици, што ќе го следат во блудството негово, одејќи блудно по Молох.
6
И ако некој човек тргне по оние што повикуваат мртви, и по маѓесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов.
7
Осветувајте се и бидете свети, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
8
Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, зашто Јас сум Господ, Кој ве осветува.
9
Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е.
10
Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој; да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката.
11
Кој ќе легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татко си; обајцата да бидат убиени; виновни се.
12
Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело; виновни се.
13
Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се.
14
Ако некој се ожени со ќерка и со мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас.
15
А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени — виновни се.
16
И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното — да умрат; виновни се.
17
Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата ќерка, или мајкината ќерка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја — затоа ќе го прими гревот свој врз себе.
18
Ако некој легне со жена кога е нечиста од истечување на крв, и ја открие голотијата нејзина, истечувањето на нејзината крв, и таа го открие истечувањето на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој.
19
Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто таков човек открива роднинска голотија; тие гревот свој ќе го носат врз себе.
20
И ако некој легне со својата стрина, тој ја открил голотијата на својот стрико: гревот свој нека го примат врз себе — нека умрат без деца.
21
Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ќе умрат без деца.
22
Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги — и нема против вас да негодува земјата, во која ве водам да живеете во неа.
23
Не постапувајте според законите на незнабошците што ќе ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа и Јас негодував против нив,
24
и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и вам ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи.
25
Правете разлика меѓу чист и нечист добиток, и меѓу чиста и нечиста птица, и не осквернувајте ги душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто.
26
Бидете свети пред Мене, затоа што Јас сум свет Господ; Јас ве одделив од сите народи за да бидете Мои.
27
Маж или жена, ако извикува духови на мртви, или вража, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.“
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27