bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 4
Leviticus 4
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 5 →
1
И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им на синовите израелски: ако некој згреши пред Господ не сакајќи, против која и да било заповед Господова и изврши нешто, што не треба да прави, —
3
ако помазаниот свештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господ за гревот од крупниот добиток — теле без недостаток,
4
па откако ќе го доведе телето пред влезот од скинијата на собранието пред Господ, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господ.
5
А помазаниот свештеник нека земе од крвта од телето, и нека ја внесе во скинијата на собранието.
6
И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седумпати нека попрска пред Господ спрема завесата на светилиштето.
7
А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е кај влезот од скинијата на собранието.
8
И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата;
9
и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб со бубрезите нека ги извади,
10
онака како што се вади тоа од теле за жртва за мир; и нека ги изгори свештеникот на жртвеникот за жртви сепаленици.
11
А кожата од телето со сето месо, со главата и со крајниците, утробата и нечистотијата,
12
целото теле нека го изнесат надвор од логорот на чисто место, каде што се истура пепелта, и нека го изгорат со оган на дрва; на местото, каде што се истура пепелта, нека се изгори.
13
А ако целата заедница на синовите израелски згреши, не сакајќи, а тоа се сокрие од собирот, па направат нешто што Господ забранил да се прави, и бидат виновни;
14
кога ќе се узнае гревот нивни, во што згрешиле, тогаш заедницата нека принесе здраво теле како жртва за гревот, и нека го доведат пред скинијата на собранието.
15
А старешините на заедницата нека положат раце врз главата на телето пред Господ, и да го заколат телето пред Господ.
16
А помазаниот свештеник нека внесе крв од телето во скинијата на собранието.
17
Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред завесата на светилиштето,
18
а од таа крв нека стави и на роговите од жртвеникот за кадење што е пред Господ во скинијата на собранието, додека сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за приноси, што е кај влезот од скинијата на собранието.
19
Сиот, пак, лој, откако ќе го извади од него, нека го изгори на жртвеникот.
20
И со тоа теле да направи онака како што прави со телето за грев — така нека направи со него; и така свештеникот ќе ги очисти, и гревот ќе им се прости.
21
А телето цело нека го изнесат од логорот, и нека го изгорат како и првото теле; тоа е жртва за гревот на целиот народ.
22
Ако згреши главатар и направи, не сакајќи, нешто што Господ Бог забранил да се прави, виновен ќе биде.
23
А кога ќе узнае во себеси за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе за жртва козел, без недостаток.
24
И нека ја стави раката своја врз главата на козелот и нека го заколе на она место, каде што се колат жртвите сепаленици пред Господ; тоа е жртва за грев.
25
И нека земе свештеникот крв од жртвата за грев и со прстот свој нека ги намачка роговите на жртвеникот за сепаленици; а сета друга крв негова нека ја излее во подножјето на жртвеникот за сепаленици.
26
А сиот лој нека го изгори на жртвеникот како и лојот од жртвата за мир; и така ќе го очисти свештеникот од гревот негов, и ќе му се прости.
27
И ако некој од народот згреши и не сакајќи направи нешто што Господ забранил да се прави, виновен е.
28
Кога ќе узнае, пак, за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој — коза од козите свои, без недостаток, поради гревот што го направил;
29
и нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, и нека се заколе козата како жртва за грев на местото, каде што се колат жртвите сепаленици.
30
Потоа нека земе свештеникот крв од неа на прстот свој и нека ги помаже роговите на жртвеникот за сепаленици: а сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот.
31
И сиот лој од неа нека го извади како што се вади лојот од жртвата за мир, и нека го изгори свештеникот на жртвеникот за пријатен мирис пред Господ; и така ќе го очисти свештеникот, па ќе му биде простено.
32
Ако принесува жртва за грев јагне, нека донесе женско и без недостаток.
33
И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека ја заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици.
34
И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртвеникот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за сепаленици.
35
И сиот лој нека го извади, како што се вади лојот од јагне за жртва за мир; и нека го изгори свештеникот врз жртвеникот како жртва Господова; и така свештеникот ќе го очисти од гревот негов, што го направил, и ќе му се прости.“
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27