bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 6
Leviticus 6
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 7 →
1
И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Заповедај му на Арон и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жртви сепаленици — жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела ноќ до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот.
3
Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нека ја стави покрај жртвеникот.
4
А откако ќе ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место.
5
А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека потпалува врз него дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за мир.
6
Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне.
7
Ова е законот за лебниот принос, што ќе го принесуваат синовите Аронови пред Господ при жртвеникот.
8
Свештеникот нека земе грст од лебниот принос и од пченичното брашно и од маслото и сиот темјан, што е врз жртвата, и нека го изгори тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господ.
9
А она што ќе преостане од неа, му припаѓа за јадење на Арон и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на собранието нека го јадат.
10
Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголема светиња како жртвата за грев и жртвата за престап.
11
Секое машко меѓу синовите Аронови нека јаде од неа. Тоа е вечен дел за потомството нивно од приносите на Господ; секој, што ќе се допре до него, ќе биде осветен.“
12
И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
13
„Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде помазан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
14
Жртвата треба да се приготвува во тава, со масло; натопена во масло и на парчиња принесувај ја, онака како што се дели на парчиња лебниот принос; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господ.
15
И свештеникот меѓу синовите негови, што ќе биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон на Господ. Сета жртва треба да се изгори.
16
И секој свештенички лебен принос треба целиот да се гори, и да не се јаде.“
17
И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
18
„Кажи му на Арон и на синовите негови, и речи им: ова е закон за жртвата поради грев — на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господ, бидејќи тоа е најголема светиња.
19
Свештеникот што ќе ја принесува, нека јаде; на свето место нека ја јаде, во дворот од скинијата на собранието.
20
Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место.
21
И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие и со вода нека се измие.
22
Секое машко од свештенички род нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња.
23
А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на собранието, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; таа треба да се изгори.“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27