bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Leviticus 16
Leviticus 16
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 17 →
1
И му зборуваше Господ на Мојсеј по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа пред Господ, умреа;
2
и му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на братот твој Арон да не влегува во светилиштето зад завесата во секое време пред очистилиштето, што е врз ковчегот, за да не умре, бидејќи Јас ќе се јавувам над очистилиштето во облак.
3
Еве со што да влегува Арон во светилиштето: со теле како жртва за грев и со овен — за сепаленица.
4
Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, и ленен кидар да става — тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува.
5
И од заедницата на синовите израелски да земе Арон два козела како жртва за грев и еден овен — за сепаленица.
6
Потоа Арон да приведе теле како жртва за грев за себе, и така ќе се направи чист — себеси и домот свој,
7
па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави кај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово.
8
И тогаш Арон ќе фрли ждрепка за двата козела: една ждрепка за Господ, а другата за отпуштање.
9
И да го доведе Арон козелот на кој паднала ждрепката за Господ, и да го принесе како жртва за грев;
10
а козелот на кој паднала ждрепката за отпуштање, да го постави жив пред Господ, за да изврши над него обред за очистување и да го пушти во пустината за отпуштање.
11
Потоа Арон да го приведе телето како жртва за грев за себе, и ќе се очисти самиот и домот негов; и да го принесе како жртва поради гревот свој.
12
А потоа да земе кадилница, полна со разгорен јаглен од жртвеникот, што е пред Господ, и да ги наполни рацете со иситнето миризливо кадиво, и тоа да го внесе зад завесата;
13
и да го стави кадивото врз огнот пред Господ; и димот од кадивото ќе го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на заветот, за да не умре.
14
И ќе земе од крвта на телето и со прст ќе го попрска однапред очистилиштето и пред него; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето.
15
Тогаш да го заколе козелот како жртва поради грев за народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто како што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето,
16
и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на собранието, која е меѓу нив, среде нечистотиите нивни.
17
Кога ќе влезе тој за да го очисти светилиштето, и сѐ додека не излезе, никој да нема во скинијата. И така ќе се очисти самиот себе, својот дом и сиот израелски народ.
18
Потоа ќе пристапи пред жртвеникот, што е пред Господ, и ќе го очисти и ќе земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ќе ги помаже роговите на жртвеникот од сите страни,
19
и ќе го попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите израелски.
20
Па, откако ќе ги очисти светилиштето, скинијата на собранието и жртвеникот, ќе го приведе живиот козел.
21
Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите израелски, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустината;
22
и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустината.
23
Тогаш Арон да влезе во скинијата на собранието, да ги соблече ленените одежди, во кои беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ги остави,
24
и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ќе излезе, да принесе една сепаленица за себеси и една за сиот народ, и ќе се очисти себеси и сиот народ.
25
Лојот пак од жртвата за грев да го запали врз жртвеникот.
26
А оној, кој ќе го одведе козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и потоа може да влезе во населбата.
27
А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштето за очистување, да ги изнесат надвор од населбата, и да ги изгорат на оган кожите нивни, месото нивно и нечистотиите нивни;
28
оној, пак, што ќе ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ќе може да влезе во населбата.
29
И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени меѓу вас,
30
зашто во тој ден ве очистуваат, за да ве очистат од сите ваши гревови, и да бидете чисти пред лицето Господово;
31
тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши — тоа ќе биде вечен закон.
32
Очистувањето да го извршува оној свештеник кој ќе биде помазан и посветен да свештенодејствува место татко си: нека облекува ленена облека, облека света;
33
и да ги очисти Светињата над светињите и скинијата на собранието, и жртвеникот да го очисти, и свештениците, и сиот собран народ.
34
Ова да биде за вас вечен закон: да се извршува обредот очистување над синовите израелски еднаш годишно поради сите нивни гревови.“ И тој направи така, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27