bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 1
1 Corinthians 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
1
Павле, според волјата Божја повикан за апостол на Исус Христос, и братот Состен –
2
до Божјата црква која е во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани да бидат светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивен и наш:
3
благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
4
Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е дадена во Исус Христос,
5
бидејќи целосно се збогативте во Него, во секое слово и во сето знаење,
6
онака како што Христовото сведоштво се утврди во вас,
7
така што не сте лишени од ниеден дар, додека нестрпливо го исчекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос,
8
Кој и ќе ве утврди до самиот крај, за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
9
Верен е Бог, преку Кого бевте повикани во заедница со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.
10
Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во една мисла.
11
Бидејќи од семејството на Хлој бев известен за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги.
12
А ова го кажувам зашто секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „јас Аполосов“, „Јас, пак, на Кифа“, „а јас Христов.“
13
Па зар Христос е разделен? Павле ли беше распнат за вас? Или во Павловото име бевте крстени?
14
Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,
15
та никој да не може да рече дека во мое име крштевав.
16
Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом, а освен нив не помнам дека сум крстил и некој друг.
17
Зашто Христос не ме прати да крштевам, туку да го проповедам благовестието, и тоа не со мудри зборови, за Христовиот крст да не ја изгуби силата.
18
Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, тоа е Божја сила.
19
Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“
20
Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја покажа ли Бог бзумна мудроста на овој свет?
21
И бидејќи, по Божјата мудрост, светот не Го позна Бога со својата мудрост, Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.
22
Зашто и Јудејците сакаат знаци, и Елините бараат мудрост,
23
а ние Го проповедаме Христос распнатиот, Кој за Јудејците е соблазна, а за Елините безумие;
24
но за оние што се повикани, како Јудејци, така и Елини: Христос, Божја сила и Божја премудрост.
25
Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето.
26
Гледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни;
27
но Бог го избра она што е безумно во светот за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот, за да ги посрами силните;
28
Бог го избра она што е неугледно и презрено во светот, и она што не значи ништо, за да ги уништи оние што значат нешто,
29
та никој да не се пофали пред Бога.
30
А од Него сте и вие во Исус Христос, Кој нам ни стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп,
31
па да биде, како што е напишано: „Оној што се фали, во Господ нека се фали.“
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16