bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 14
1 Corinthians 14
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
1
Стремете се кон љубовта; ревнувајте за духовните дарови, а особено да пророкувате.
2
Зашто, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а тој со Духот кажува тајни.
3
А кој пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, утешување и охрабрување.
4
Кој зборува на друг јазик, тој се надградува себеси; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.
5
Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто оној што пророкува е поголем од оној што зборува јазици – освен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата.
6
А сега, браќа, ако дојдам кај вас, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштам откровение или знаење, или пророштво, или поука?
7
И бездушните предмети што даваат звук, како кавалот или лирата, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата?
8
И, ако трубата дава неодреден звук, тогаш кој ќе се готви за битка?
9
Така и вие, ако со јазикот не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере кажаното? Ќе говорите во ветер.
10
Во светот има којзнае колку разни говори, и ниеден од нив не е без значење.
11
Ако, пак, не го разбирам значењето на тие говори, тогаш за оној што зборува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене ќе е туѓинец.
12
Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилство, за надградување на Црквата.
13
Затоа, оној што зборува на друг јазик, нека се моли за дар да може да го толкува.
14
Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух, а мојот ум останува бесплоден.
15
Па што да се прави? Ќе се молам со духот, но ќе се молам и со умот; ќе воспевам со духот, но ќе воспевам и со умот.
16
Зашто, ако благословуваш со духот, како некој што е неук ќе рече: „Амин!“ на твоето благодарење, кога не разбира што велиш?
17
Ти навистина благодариш убаво, но другиот не се изградува.
18
Му благодарам на мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;
19
но в црква повеќе сакам да кажам пет разбирливи зборови, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.
20
Браќа, не бидете деца по умот; за злото бидете како дечиња, а по умот бидете зрели.
21
Во Законот е напишано: „Преку луѓе со туѓи јазици и преку усните на туѓинци ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме послуша, вели Господ.“
22
Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; а пророштвата не се знак за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.
23
И така, ако целата црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и неуки луѓе или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?
24
Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој неверник или неук човек, тој од сите ќе биде обвинуван и од сите ќе биде осудуван,
25
па така тајните на неговото срце ќе излезат на виделина, и тој ќе падне ничкум, ќе Му се поклони на Бога и ќе изјави: „Бог навистина е со вас.“
26
Па што тогаш, браќа? Кога се собирате, секој од вас има нешто – кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување. Сѐ нека биде за надградување.
27
Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека говорат по двајца или најмногу тројца, и тоа со ред, а еден нека толкува.
28
А ако нема толкувач, тогаш в црква нека молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29
Пророците, пак, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека расудуваат.
30
Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31
И така, еден по еден, сите можете да пророкувате, та сите да се поучат и сите да се охрабрат.
32
И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33
зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите,
34
вашите жени нека молчат во црквите. Ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
35
А ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома; зашто срамно е за жените да зборуваат в црква.
36
Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37
Ако некој мисли дека е пророк или духовен, нека знае дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди.
38
А ако некој не разбира, нека не разбира.
39
И така, браќа, покажете ревност за пророкување и не го забранувајте говорењето на други јазици.
40
Сѐ нека биде пристојно и уредно.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16