bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 15
1 Corinthians 15
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
1
Ви напоменувам, браќа, за благовестието што ви го проповедав, а кое вие го примивте и во кое стоите.
2
Преку него и се спасувате, ако го држите дословно како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.
3
Зашто, најнапред ви го предадов она што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;
4
дека беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,
5
и дека му се јави на Кифа и потем на Дванаесетте;
6
потоа им се јави на повеќе од петстотини браќа одеднаш, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;
7
после му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,
8
а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,
9
зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата Црква.
10
Но, со Божјата благодат сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, туку се потрудив повеќе од сите нив; но не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.
11
И така, било јас или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте.
12
Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите?
13
А ако нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал;
14
ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, напразна е и вашата вера.
15
Притоа, би се покажале и како лажни Божји сведоци, бидејќи сведочевме против Бога, велејќи дека Го воскреснал Христос, Кого Тој не Го воскреснал, ако мртвите навистина не воскреснуваат.
16
Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскреснал;
17
ако, пак, Христос не воскреснал, залудна е вашата вера; вие сте уште во своите гревови;
18
тогаш и оние, што починале во Христос, загинале.
19
И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, ние сме најбедни од сите луѓе.
20
Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првиот плод за починатите.
21
Бидејќи, како што преку човек дојде смртта, така преку Човек дојде и воскресението од мртвите.
22
И како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани;
23
но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.
24
А потоа ќе настапи крајот, кога ќе Му го предаде царството на Бога и Отецот, кога ќе го уништи секое началство и секоја власт и сила.
25
Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги положи сите непријатели под Своите нозе“.
26
Последен непријател што ќе биде уништен е смртта,
27
зашто Бог „сѐ потчинил под Неговите нозе“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему потчинето“, јасно е дека тоа сѐ не се однесува на Оној што Му потчини сѐ.
28
Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ.
29
Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто тие се крштеваат за нив?
30
Зошто и ние секој час се изложуваме на опасност?
31
Умирам секојдневно – се колнам во вашата пофалба, што ја имам во Христос Исус, нашиот Господ.
32
Каква е мојата полза ако во Ефес, како човек, се борев со ѕверови, штом мртвите не воскреснуваат? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“
33
Не лажете се: „Лошите дружби ги расипуваат добрите обичаи!“
34
Отрезнете се еднаш како што треба, и не грешете! Зашто некои од вас не знаат ништо за Бога – за ваш срам го велам ова.
35
Но, некој ќе рече: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
36
Безумниче, тоа што го сееш ти, не оживува, ако не умре.
37
А кога сееш, не го сееш телото што ќе настане, туку голо зрно, било да е пченично или некое друго;
38
но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело.
39
Не секое тело е исто тело: едно е телото на човек, а друго е телото на животно, друго на риба и друго на птица.
40
Има небесни тела и земни тела, но еден е сјајот на небесните, а друг на земните;
41
еден е сјајот на сонцето; друг е сјајот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по сјајот се разликува.
42
Така е и со воскресението на мртвите: се сее распадливо – воскреснува нераспадливо;
43
се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила;
44
се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Постои душевно тело, постои и духовно тело.
45
Така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух.
46
Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното.
47
Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.
48
Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните;
49
и како што го носевме образот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
50
А ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливото наследува нераспадливост.
51
Еве, тајна ви кажувам; нема да умереме сите, но сите ќе се измениме,
52
одеднаш, дури да трепнеш, при последната труба. Зашто таа ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;
53
зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.
54
А кога ова, распадливото, ќе се облече во нераспадливост, и она, смртното, во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта.“
55
„О, аду, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“
56
Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.
57
Но, да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.
58
И така, браќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16