bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 9
1 Corinthians 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
1
Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?
2
Ако за други и не сум апостол, за вас, сепак, сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господ.
3
Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:
4
Зар немаме право да јадеме и да пиеме?
5
Немаме ли право да водиме со себе сестра-жена, како другите апостоли, како браќата на нашиот Господ и како Кифа?
6
Или само јас и Варнава немаме право на издршка?
7
Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?
8
Зар го зборувам ова само по човечки? Не го вели ли истото и Законот?
9
Бидејќи во Мојсеевиот Закон е напишано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?
10
Или го вели тоа, главно, за нас? Да, тоа е напишано за нас; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и оној што врши, да врши со надеж дека ќе го добие она на што се надева.
11
Ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното?
12
Ако други имаат право на дел од вашиот посед, тогаш немаме ли ние уште повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направиме некаква пречка на Христовото благовестие.
13
Не знаете ли дека оние што свештенодејствуваат, се хранат од светилиштето, и дека оние што служат на жртвеникот, делат со жртвеникот?
14
Така и Господ заповедал проповедниците на благовестието да живеат од благовестието.
15
Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за така да биде и со мене. Зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој да ми ја одземе пофалбата.
16
Зашто, ако проповедам благовестие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми го налага должноста, а тешко мене ако не го проповедам.
17
Ако доброволно го вршам тоа, тогаш имам награда; а ако, пак, неволно – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена.
18
А каква ми е наградата? Проповедајќи, да го предавам Христовото благовестие бесплатно, не ползувајќи го своето право од благовестието.
19
Зашто, иако сум слободен од сите, им станав роб на сите, за повеќето од нив да ги придобијам:
20
за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон;
21
за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон.
22
За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив.
23
А ова го правам поради благовестието, за да бидам соучесник во него.
24
Не знаете ли дека на тркалиштето трчаат сите, но само еден добива награда? И вие трчајте така, за да ја добиете.
25
Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив венец, а ние – нераспадлив.
26
Па сега, јас не трчам така, како без цел; ниту, пак, се борам како оној што удира по ветар,
27
туку го истоштувам и го поробувам телото, за да не се случи, поучувајќи ги другите, самиот да бидам отфрлен.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16