bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 12
1 Corinthians 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
1
Во поглед на духовните дарови, браќа, не сакам да бидете во незнаење.
2
Знаете дека, кога бевте незнабошци, како занесени бевте водени кај немите идоли.
3
Затоа ви давам на знаење дека никој што зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклетство на Исус!“ И никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух.
4
Даровите се различни, но Духот е ист;
5
и служењата се различни, но Господ е ист;
6
и делувањата се различни, но Бог, Кој извршува сѐ во сите, е ист.
7
Пројавата, пак, на Духот се дава секому, за полза на сите.
8
Бидејќи, преку Духот, на еден му се дава да зборува со мудрост, на друг, преку истиот Дух – да зборува со знаење,
9
некому, пак, во истиот Дух – вера, а на друг – дарови за лекување, во истиот Дух;
10
на еден – творење на чудеса, на друг – пророкување, на еден – разликување на духови, на друг – разни јазици, на некој, пак – толкување на јазиците.
11
Сето ова го прави еден и ист Дух, Кој распределува секому поодделно, како што сака.
12
И како што телото е едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така е и Христос.
13
Зашто преку еден Дух сите ние сме крстени во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни, и сите сме напоени со еден Дух.
14
Зашто телото не се состои само од еден дел, туку од многу.
15
Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото“, зар поради тоа таа не припаѓа на телото?
16
И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото“, зар поради тоа увото не припаѓа на телото?
17
Кога целото тело би било око, тогаш каде би бил слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде би бил мирисот?
18
Но Бог ги поставил деловите, во телото, секој од нив, како што посакал.
19
Кога сите тие би биле само еден дел, тогаш каде би било телото?
20
Сега, пак, навистина се многу делови, но сепак едно тело.
21
И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, или главата на нозете: „Не сте ми потребни.“
22
Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;
23
и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку достојни за чест, им оддаваме повеќе почит; и нашите неприлични делови добиваат поголема пристојност.
24
Приличните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил телото така што на запоставените органи им дал поголема чест,
25
та да нема раздори во телото, туку самите делови подеднакво да се грижат едни за други.
26
И ако страда еден дел, тогаш страдаат сите делови; и ако се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови.
27
Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.
28
И од нив Бог во Црквата постави: прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа со дарови за творење на чудеса, па со дарови за исцеление; за помагање, за управување и за зборување на разни јазици.
29
Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?
30
Сите ли имаат дарови да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли толкуваат?
31
Но ревнувајте за поголеми дарови. А сега ќе ви покажам уште повозвишен пат:
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16