bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
1 Corinthians 7
1 Corinthians 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
1
А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.
2
Но, за да се избегне блудот, секој маж нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.
3
Мажот нека ја извршува својата должност кон жената, а исто така и жената кон мажот.
4
Жената не господари со своето тело, туку мажот; исто така и мажот не господари со своето тело, туку жената.
5
Не лишувајте се еден од друг – освен по договор, за некое време, за да се посветите на пост и молитва, а потоа повторно бидете заедно, за да не ве искушува сатаната, поради вашето невоздржување.
6
Но ова ви го велам како допуштање, а не како заповед.
7
Зашто сакам сите луѓе да бидат како мене; но секој има свој дар од Бога – некој ваков, некој поинаков.
8
А на неженетите и на вдовиците им велам: добро е за нив ако останат како мене.
9
Но, ако не можат да се воздржат, нека стапат во брак; бидејќи подобро е да стапат во брак отколку да горат од страст.
10
А на оние што се во брак им заповедам, но не јас, туку Господ: жената нека не се разделува од мажот, –
11
а и ако се раздели, нека не се премажува, или, пак, нека се помири со својот маж, – а и мажот нека не ја остава својата жена.
12
А на останатите им зборувам јас, а не Господ: ако некој брат има жена што не верува, но е согласна да живее со него, нека не ја остава;
13
и ако некоја жена има маж што не верува, но е согласен да живее со неа, таа нека не го остава.
14
Зашто мажот кој не верува се осветува преку жената која верува, и жената која не верува се осветува преку мажот; инаку и децата би ви биле нечисти, а сега се свети.
15
Но доколку некој што не верува сака да се раздели, нека се раздели; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто Бог нѐ повикал за мир.
16
Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти нема да го спасиш својот маж? Или од каде знаеш, мажу, дека ти нема да ја спасиш својата жена?
17
Само, секој нека постапува така како што му определил Бог, како што го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви.
18
Повикан ли е некој што е обрезан? Нека не го крие обрезанието. Повикан ли е некој што е необрезан? Нека не се обрезува.
19
Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.
20
Секој нека остане во положбата во која е повикан.
21
Повикан ли си како роб? Да не се грижиш; повикот ти е од поголема полза, дури и ако можеш да станеш слободен.
22
Зашто оној што во Господа е повикан како роб, станува Господов ослободеник; а и тој што е повикан како слободен, станува роб Христов.
23
Скапо сте платени! Не станувајте робови на луѓе!
24
Браќа, секој нека остане пред Бога во положбата во која е повикан.
25
За девиците, пак, немам заповед од Господ, но како некој што по молоста Господова е веродостоен, давам совет.
26
Сметам дека заради сегашната неволја добро е за човекот да остане така како што е.
27
Сврзан ли си со жена? Не барај развод. Разврзан ли си од жена? Не барај жена.
28
Но и да се ожениш, нема да згрешиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.
29
Ова ви го велам, браќа, зашто времето се скусува; отсега, па натаму, дури и оние што имаат жена, нека бидат како да ја немаат;
30
и оние кои плачат – како да не плачат; и оние кои се радуваат – како да не се радуваат; и оние кои купуваат – како ништо да не поседуваат,
31
и оние кои се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат; зашто обликот на овој свет е минлив.
32
А јас сакам вие да бидете безгрижни. Неженетиот се грижи за Господовото – како да Му угоди на Господ;
33
а женетиот се грижи за световното – како да ѝ угоди на жената.
34
Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света и со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на својот маж.
35
Ова ви го зборувам за ваша корист, не за да ве заплеткам, туку за да Му се посветите благообразно и непречено на Господ.
36
Ако некој мисли дека е неприлично неговата девица да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.
37
А оној што непоколебливо стои во срцето и не по нужност, туку имајќи власт над својата волја, во своето срце донел одлука да ја зачува својата девица, добро прави.
38
Така, оној кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној што нема да ја омажи, подобро прави.
39
Жената е врзана со закон додека ѝ е жив мажот; а ако умре мажот ѝ, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господ.
40
Но, според моето мислење, поблажена е ако си остане така; а мислам дека и јас имам Божји Дух.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16