bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 10
2 Samuel 10
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 11 →
1
По извесно време умре амонитскиот цар, и место него стана цар синот негов Анон.
2
И Давид рече: »Ќе покажам милост кон Анона, Наасовиот син, за добрината, што ми ја направи татко му негов.« Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Амона поради татка му. И давидовите слуги отидоа во Амонитската земја.
3
Но амонитските кнезови му рекоа на господарот свој Анона: »Зар мислиш, дека Давид од почит кон татка ти испратил при тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои при тебе, за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го сосипат?«
4
И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи половината од брадата и им ги потсече алиштата на половина, до крстот и ги пушти.
5
Кога му јавија за тоа на Давида, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа многу обезличени. И царот заповеда да им кажат: »Останете во Јерихон додека ви порастат брадите, и тогаш вратете се.«
6
Видоа Амонитите, дека станаа намразени кај Давида; па испратија Амонитите да најмат Сиријци од Вет-Рехов и Сиријци од Сува – дваесет илјади пешаци, од амаликијскиот цар Мах – илјада души и од Ист-Тов дванаесет илјади души.
7
Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета храбра војска.
8
Излегоа Амонитите и се распоредија за борба при портите, а Сиријците од Сува и Рехов, а Ист-Тов и Мах се задржаа одделно во полето.
9
Кога виде Јоав, дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, избра војници од сите одбрани Израилци, и ги распореди против Сиријците;
10
а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, за да ги нареди против Амонитите.
11
Тогаш рече Јоав: »Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош;
12
биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она, што Му е угодно.«
13
и влезе Јоав и народот, што беше со него, во борба против Сиријците, и тие избегаа од него.
14
Амонитите, пак, кога видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонитите и дојде во Ерусалим.
15
Сиријците, штом видоа дека Израилците ги поразија, се собраа сите наедно.
16
И Адраазар испрати, та ги повика Сиријците, што беа од онаа страна на реката Халемак, и, ете, дојдоа до Елам; а Совак, Адраазаровиот војвода, ги предводеше.
17
Кога му јавија за тоа на Давида, тој ги свика сите Израилци, го премина Јордан и стигна до Елам. Сиријците се распоредија против Давида и се судрија со него.
18
Сиријците избегаа од Израилците, Давид истреби седумстотини сириски коли и четириесет илјади коњаници, го порази и војводата Совак, кој и умре таму.
19
Кога сите потчинети цареви на Адраазара видоа дека Израилците ги поразија, склучија со Ираилците мир и им се покорија. И Сиријците веќе се плашеа да им помагаат на Амонитите.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24