bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 7
2 Samuel 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 8 →
1
Кога царот живееше во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели,
2
тогаш царот му рече на пророкот Натан: »Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.«
3
А Натан му одговори на царот: »Оди, прави си, што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.«
4
Но во истата ноќ дојде ова слово Господово кон Натана:
5
»Оди, кажи му на мојот слуга Давида: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом, за да живеам во него,
6
кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израилеви од Египет, и до денес но минував во шаторот и во скинијата.
7
Каде и да одев со сите синови Израилеви, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израилот: зошто не ми изградивте кедров дом?‘
8
А сега, кажи му така на мојот слуга Давида: Вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо, за да бидеш водач на Мојот народ Израилот;
9
и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував од пред лицето твое сите твои непријатели, и го возвеличував името твое, како името на големите луѓе на земјата.
10
Јас ќе одредам место за Мојот народ, за Израилот, ќе го утврдам, и тој спокојно ќе живее на местото свое и нема повеќе да се обеспокојува, и нечестиви луѓе нема повеќе да го измачуваат, како порано,
11
кога Јас определив судии над својот Израил; и Јас ќе те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува, дека Он ќе ти подигне дом.
12
А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе, што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово.
13
Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш.
14
Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Му биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки;
15
но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саула, кога Јас го отфрлив пред лицето твое.
16
И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш.‘«
17
Сите овие зборови и целото тоа видение Натан му го кажа на Давида.
18
Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господа, и рече: »Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи!
19
Па и тоа дури се покажа малку во Твоите очи, Господи мој, Господи; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина. Тоа е веќе по човечки, Господи мој, Господи!
20
Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи!
21
Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи.
22
Во сѐ си голем Ти, Господи мој, Господи, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои.
23
И кој е подобен на Твојот народ Израил, единствен народ на земјата, за кој доаѓал Бог да Си го придобие за народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египтјаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?
24
И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израилот како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.
25
А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот, што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов, и исполни го, она што си го изрекол.
26
Нека се возвеличи името Твое засекогаш, та да велат: ‚Господ Саваот е Бог над Израилот.‘ И домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице.
27
Бидејќи Ти, Господе Саваоте, Боже Израилев, му откри на Твојот слуга, велејќи: ‚Ќе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва.
28
И така, Господи мој, Господи! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро.
29
А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи мој, Господи, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен за да биде пред Тебе засекогаш.«
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24