bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 16
2 Samuel 16
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
1
Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со два натоварени осела со двесте лебови, сто вреќи суво грозје, сто низи смокви и со мешина вино.
2
Царот го праша Сива: »Зошто ти е тоа?« Сива одговори: »Ослите се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустињата.«
3
Царот праша: »Каде е синот на господарот твој?« Сива му одговори на царот: »Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израилев ќе ми го врати татковото ми царство.‘«
4
И му кажа на Сива: »Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.« А Сива одговори, поклонувајќи се: »Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!«
5
Кога царот Давид стигна до Ватирим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гирана. Тој одеше и лошо зборуваше,
6
и фрлаше камења врз Давида и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.
7
Зборувајќи лошо за него, Семеј велеше: »Иставај се, убиецу, и беззаконику!
8
Господ ја сврти против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалома; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.«
9
Тогаш Авес, Саруевиот син, му рече на царот: »Зошто овој мртов пес зборува лошо за господарот мој, за царот? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.«
10
Царот рече: »Што ни е нам, мене и вам, до Саруевите синови? Оставете го нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал да зборува лошо за Давида. А кој може да каже: ‚Зошто правиш така?‘«
11
И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: »Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотоклу повеќе еден син Венијаминов; оставете го, нека зборува лошо, зашто Господ му заповедал;
12
можеби, Господ ќе погледне милостиво кон унижувањето мое, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното лошо зборување.«
13
и одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, зборуваше лошо и фрлаше камења и земја кон него.
14
И стигна царот и сиот народ негов, што беше со него, изморен, и таму со отпочинуваше.
15
Авесалом, пак, и сиот Израилски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16
Кога Хусиј, Давидовиот прв пријател, дојде при Авесалома, му рече: »Да живее царот!«
17
И Авесалом му рече на Хусија: »Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?«
18
Хусиј му одговори на Авесалома: »Не, јас ќе отидам по оној, што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ќе останам.
19
И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.«
20
И Авесалом му рече на Ахитофела: »Дајте совет, што да правиме.«
21
Ахитофел му одговори на Авесалома: »Влези при наложниците на татко ти, што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израилци, дека си станал намразен за таткото, и ќе им се зацврстат рацете на сите, што се со тебе.«
22
И поставија за Авесалома шатор на покривот, и Авесалом влезе при наложниците на татка си пред очите на сиот Израил.
23
А советите на Ахитофела, што тој ги даваше, во она време се сметаа, како некој да се допрашувал до Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давида, така и за Авесалома.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24