bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 12
2 Samuel 12
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
1
Господ го испрати Натана, пророкот при Давида, и тој отиде при него и му рече: »Во еден град имаше двајца луѓе – едниот богат, а другиот сиромав;
2
богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток,
3
а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка, што ја беше купил мала и ја исхранил, и таа беше пораснала при него заедно со децата негови; таа јадеше од лебот негов, пиеше од чашата негова, спиеше на градите негови и му беше како ќерка;
4
при богатиот човек дојде еден странец; и нему не му се свиде да земе од овците или од воловите свои, за да зготви ручек на странецот, кој беше дошол при него, туку ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја приготви неа на човекот, што беше дошол при него.«
5
Давид многу се разгневи против тој човек и му рече на Натана: »Жив ми Господ! Смрт заслужува оној човек, што го направил тоа;
6
и за овчичката тој треба да плати четворно, зашто го направил тоа и затоа што немал милост.«
7
Тогаш Натан му кажа на Давида: »Ти си оној човек што го изврши тоа. Така говори Господ, Бог Израилев: ‚Јас те помазав за цар над Израилот, те спасив од рацете Саулови,
8
ти го дадов домот на твојот господар и жените на господарот твој во твоја прегратка, ти го дадов домот Израилев и Јудин и, ако ти е тоа малку, би ти придал уште повеќе;
9
а ти што го пренебрегна зборот на Господа, извршувајќи зло пред очите Негови? Урија Хетеецот го порази со меч, жената негова ја зеде за своја жена, а него го уби со амонитски меч;
10
затоа мечот нема да отстапи од твојот дом засекогаш, бидејќи ти ме запостави и ја зеде жената на Хетеецот Урија, за да биде твоја жена.‘
11
Така говори Господ: ‚Ете, јас ќе подигнам зло против твојот дом, ќе ги земам твоите жени пред очите твои и ќе ги дадам на ближниот твој, и тој ќе спие со твоите жени под оваа сонце;
12
ти го изврши тоа тајно, Јас, пак, ќе го извршам пред целиот Израил на бел ден.‘«
13
Тогаш Давид му рече на Натана: »Згрешив пред Господа.« А Натан му кажа на Давида: »И Господ го симна од тебе гревот твој; ти нема да умреш;
14
но бидејќи со тоа ти им даде повод на непријателите Господови да Го хулат, затоа синот што ти се роди ќе умре.«
15
Натан отиде во домот свој. И Господ го порази детето, што му го беше родила на Давида Уриевата жена, и тоа се разболе.
16
Давид Му се молеше на Бога за детето, постеше Давид и осамен ја мина ноќта, легна на земја.
17
И влегоа при него старешините на домот негов, да го кренат од земјата; но тој не сакаше и не јадеше леб со нив.
18
На седмиот ден детето умре, и слугите Давидови се плашеа да му соопштат, дека детето умрело; зашто си мислеа тие, кога детето беше уште живо, и ние му прозборувавме, а тој не го слушаше гласот наш, како ќе му кажеме: »детето умре«. Тој ќе стори нешто лошо.
19
Виде Давид дека слугите негови се дошепнуваат, и разбра оти детето умрело, па ги праша слугите: »Умре ли детето?« Тие му одговорија: »Умре.«
20
Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се помаза, се преоблече и отиде во домот Господов и се молеше. Кога се врати дома, побара да му донесат леб и јадеше.
21
И го запрашаа слугите негови: »Што значи тоа, што постапуваш така? Додека детето уште беше живо, ти постеше и плачеше, и не спиеше; а откако умре детето, ти стана и јадеш леб и пиеш.«
22
Давид им одговори: »Додека детето беше живо, јас постев и плачев, бидејќи мислев: кој знае, нема ли да се смили над мене Господ и нема ли детето да остане живо?
23
А сега е умрено; зошто да постам? Зар можам да го вратам? Јас ќе отидам при него, тоа нема да се врати при мене.«
24
И Давид ја утеши жената своја Вирсавија, и влезе при неа и спиеше со неа; таа зачна и роди син, кому му даде име Соломон. И Господ го возљуби;
25
и го испрати пророкот Натана, и тој го нарече: Едидија, според словото Господово.
26
Јоав војуваше против Рава Амонитска и туку-речи го презеде тој царски град.
27
Испрати Јоав да му кажат на Давида: »Јас напаѓав на Рава и ја освоив водата на градот;
28
сега собери го другиот народ и тргни кон градот, и преземи го; зашто, ако го преземам јас, ќе му се даде моето име.«
29
Давид го собра сиот народ, тргна кон градот Рава, војуваше против него и го презеде.
30
Давид го зеде венецот на царот нивни од главата негова, – а во него имаше талант злато и скапоцен камен, – и го стави Давид на својата глава, и однесе од градот многу голем плен.
31
А народот, што беше во него, го изведе и го пренесе преку пили, преку железни гребла, преку железни секири и го фрли во печката за печење тули. Така постапи тој со сите амонитски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24