bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 2
2 Samuel 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
1
Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: »Да отидам ли во некој од Јудините градови?« И Господ му рече: »Оди.« Давид пак праша: »Каде да одам?« И Он му рече: »Оди во Хеврон.«
2
И Давид отиде таму со двете жени свои: Израелката Ахиноама и Камелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
3
Давид ги одведе и луѓето, што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.
4
И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давида за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давида, дека жителите од Јавис Галадски го погребале Саула.
5
И Давид испрати претеници до жителите на Јавис Галадски да им кажат: »Благословени да сте пред Господа, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саула, помазаникот Господов, и што сте го погребале и синот негов Јонатана;
6
и Господ нека ве награди со милост и вистина; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.
7
А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар над себеси.«
8
Но Авенир, Нировиот син и војвода над Сауловата војска, го зеде Јевостеја, Сауловиот син, го одведе во Маханаим,
9
и го постави за цар над Галад, Ашур и Језраел, над Ефрема и Венијамина и над сиот Израил.
10
А Јевостеј, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израилот, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давида.
11
Сето време, во кое Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, беше седум години и шест месеци.
12
Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Јевостеј, од Маханаим во Гаваон.
13
Излезе и Јоав, синот Саруев, со Давидовите слуги и се сретнаа при Гаваонскиот поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот – од другата страна на потокот.
14
А Авенир му рече на Јоава: »Нека станат момците и нека се борат пред нас.« И Јоав рече: »Нека станат.«
15
И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Јевостеја, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
16
И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Хасурим, кое е во Гаваон.
17
И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со Израилските луѓе беше победен од Давидовите слуги.
18
Таму беа тројца синови Саруеви: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.
19
Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, а да не скршнува ни десно, ни лево од стапките на Авенира.
20
Авенир се сврте назад и рече: »Ти ли си, Асаиле?« Тој одговори: »Јас сум.«
21
И Авенир му рече: »Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.« Но Асаил не сакаше да го остави.
22
И Авенир повторно му рече на Асаила: »Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ќе се јавам пред братот твој Јоава?«
23
Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврти копјето и го прободе во стомахот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минува низ тоа место, каде што беше паднал и умрел Асаил, застануваа.
24
Јоав и Авеса го гонеа Авенира. Сонцето веќе беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гај, на патот за Гаваонската пустиња.
25
А Венијаминовите синови се собраа околу Авенира и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.
26
И Авенир извика кон Јоава и рече: »Вечно ли меч ќе истребува? Или не знаеш, дека подоцнежните ќе бидат горчливи? И кога ќе им кажаш на луѓето да престанат да ги гонат браќата свои?«
27
А Јоав рече: »Жив Бог! Ако ти не говореше поинаку, уште ова утро луѓето сакаа да престанат да ги гонат браќата свои.«
28
И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеќе не ги гонеа Израилците; битката престана.
29
Авенир, пак, и луѓето негови врвеа преку полето цалата таа ноќ, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Витрон и стигнаа во Маханаим.
30
Се врати и Јоав од гонењето на Авенира и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаила, недостигаа деветнаесет души.
31
А Давидовите слуги ги поразија Венијаминовите и Авенировите луѓе, од кои паднаа триста и шеесет души.
32
И го зедоа Асаила и го погребаа во Витлеем, во татковиот му гроб. А Јоав со луѓето свои одеше цела ноќ и во зорите стигна во Хеврон.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24