bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 14
2 Samuel 14
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 15 →
1
Саруевиот син Јоав забележа дека срцето на царот се сврти кон Авесалома.
2
Јоав испрати во Текоја и доведе оттаму една умна жена и рече: »Преправи се дека плачеш; облечи жална облека, немој да се помажеш со масло, и претстави се како жена, која оплакува многу дни мртовец;
3
по оди при царот и кажи му така и така.« И Јоав ѝ стави во устата нејзина, што да каже.
4
И жената Текојанка влезе при царот, падна ничкум на земја, се поклони и му рече: »Помогни, цару, помогни!«
5
Царот ја праша: »Што ти е?« А таа одговори: »Вдовица сум, умре мажот мој;
6
слугинката твоја имаше двајца синови; тие се скараа во полето, немаше кој да ги раздели, и едниот го удри другиот и го уби.
7
И ете, целиот род стана против слугинката твоја, и рече: ‚предај го оној, што го уби брата си, ние ќе го убиеме заради душата на брата му, која тој ја погуби, и ќе го истребиме дури и наследникот.‘ И така, тие ќе ја изгаснат искрата, која уште ми останува, за да не остават име и потомство на мажот ми по лицето на земјата.«
8
А царот ѝ рече на жената: »Оди си спокојно дома, јас ќе дадам заповед за тебе.«
9
Но жената Текојанка му рече на царот: »Врз мене, царе, господаре мој, нека биде вината и врз татковиот ми дом, а царот и престолот негов се невини.«
10
И царот ѝ рече: »Доведи ми го оној, што ќе биде против тебе, и тој повеќе нема да те гибне.«
11
Таа рече: »Заколни се, царе, во Господа, твојот Бог, дека нема да се умножат одмаздниците за крв и нема да го погубат синот мој.« Царот рече: »Жив ми Господ! Ни влакно од твојот син нема да падне на земјата.«
12
И жената рече: »Дозволи ѝ на слугинката твоја да му каже уште еден збор на својот цар – господар.«
13
Тој рече: »Говори.« И жената рече: »Зошто мислиш така против Божјиот народ?« Царот, откако го кажа тој збор, сам се обвини, поради тоа што не го враќа својот прогонет.
14
»Ние ќе умреме и ќе станеме како разлеана вода на земјата, која не може да се собере; но Бог не сака да ја погуби душата и се грижи да не го отфрли од Себеси и отфрлениот.
15
И сега јас дојдов да му ги кажам на царот, мојот господар, тие зборови, зашто народот ме плаши; и твојата слугинка си вели: ‚ќе поразговарам со царот, дали нема да постапи тој според зборот на слугинката своја:
16
царот бездруго ќе ја ислуша и ќе ја спаси слугинката своја од раката на оние, што сакаат да ме истребат, заедно со синот мој, од Божјото наследство.‘
17
Затоа, твојата слугинка си рече: ‚зборот на мојот господар – цар нека ми биде утеха, зашто мојот господар – цар е како Ангел Божји, и може да го ислуша и доброто и лошото. И Господ, Бог твој, ќе биде со тебе.‘«
18
Царот одговори и ѝ рече на жената: »Не го криј од мене тоа за што ќе го прашам.« И жената рече: »Говори, господаре мој, цару.«
19
Царот ја праша: »Во сето тоа не е ли со тебе раката на Јоава?« Жената одговори и рече: »Да ти е жива душата, господаре мој, цару, не може да има скршнување ни десно, ни лево; вистина, твојот слуга Јоав ми заповеда и тој ги стави во устата на слугинката твоја сите тие зборови.
20
Твојот слуга Јоав ме научи, преку приказната да ѝ дадам таков вид на оваа работа. Но мојот господар царот е мудар, како што е мудар Ангелот Божји, тој знае сѐ, што се случува на земјата.«
21
И царот му рече на Јоава: »Ете, јас направив според зборот твој, оди впрочем, врати ми го детето Авесалома.«
22
Тогаш Јоав падна ничкум на земјата и се поклони, и го благослови царот, велејќи: »Сега слугата твој знае, дека нашол благонаклоност пред твоите очи, господаре мој, цару, бидејќи царот постапи според зборот на својот слуга.«
23
Па стана Јоав, та отиде во Гесур и го доведе Авесалома во Ерусалим.
24
И царот рече: »Нека се врати во куќата своја, но лицето мое да не го гледа.« И Авесалом отиде во куќата своја, но царското лице не го виде.
25
Меѓу сите Израилци немаше таков убавец како Авесалом, ни толку пофалуван како него: од одот на нозете до врвот на главата негова во него немаше недостаток.
26
Кога ќе ја истрижеше косата своја, а тој ја стрижеше секоја година, бидејќи му тежеше, – косите од главата негова тежеа двесте сикли според царската мера.
27
И на Авесалома му се родија тројца синови и една ќерка, по има Тамар; таа беше многу убава. Таа му стана жена на Ровоама, Соломоновиот син, и му го роди Авија.
28
И остана Авесалом во Ерусалим две години, но царевото лице не го виде.
29
Тогаш Авесалом испрати по Јоава, за да го одведе при царот; но тој не сакаше да дојде при него. Го повика и вторпат, но тој пак не сакаше да дојде.
30
Тогаш Авесалом им рече на своите слуги: »Ја гледате ли нивата на Јоава до мојата? Тој таму има јачмен; одете и изгорете ја со оган.« И Авесаломовите слуги ја изгореа со оган онаа нива. И дојдоа слугите на Јоава при него, ги раскинаа облеките свои, и рекоа: »Авесаломовите слуги ја изгореа нивата твоја со оган.«
31
И стана Јоав, па отиде при Авесалома дома и му рече: »Зошто слугите Твои ја изгореа нивата моја со оган?«
32
А Авесалом му одговори на Јоава: »Ете, јас испраќав по тебе и велев: ‚Дојди тука, и јас ќе те пратев при царот да кажеш: зошто сум дошол од Гесур? Подобро ќе беше да останев таму. Јас сакам да го видам лицето на царот. Ако, пак, сум виновен, убиј ме!‘«
33
Јоав отиде при царот и му го раскажа тоа. Царот го повика Авесалома. Тој дојде при царот, му се поклони и падна ничкум на земја пред царот. И царот го бакна Авесалома.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24