bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Samuel 20
2 Samuel 20
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
1
Случајно таму се наоѓаше еден лош човек, по име Савеј, син Вохоров, тај затруби со труба и рече: »За нас нема дел со Давида и нема за нас наследство со Јесеевиот син; Израилци, сите во шаторите!«
2
И сите Израилци се одделија од Давида и отидоа по Савеј, синот Вохоров, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим.
3
Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници, што ги беше оставил да ја чуваат куќата; ги смести во одделна куќа под надзор; ги хранеше, но не одеше при нив. И тие престојуваа таму сѐ до смртта своја и живееја таму како вдовици.
4
А Давид му рече на Амесај: »Свикај ги за три дни Јудејците при мене и ти самиот дојди тука!«
5
И Амесај отиде да ги свика Јудејците, но се задржа повеќе од одреденото време.
6
Тогаш Давид му рече на Амесаја: »Вохоровиот син Савеј сега ќе ви донесе повеќе зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши.«
7
И излегоа по него Јоавовите луѓе, и Хелетејците и Фелетејците, и сите јунаци тргнаа од Ерусалим да го прогонуваат Вохоровиот син Савеј.
8
А кога се доближија до големиот камен, што е при Гаваон, ги сретна Амесај. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се вадеше од неа и влегуваше.
9
Јоав му рече на Амесаја: »Здрав ли си, брате?« Јоав ја фати со десната рака своја брадата на Амесаја, за да го бакне.
10
Амесај, бидејќи не се претпази од мечот, што беше во раката на Јоава, и тој го прободе со него во стомакот, така што внатрешнината му се истури на земја, а не го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса го подгонија Савеја, Вохоровиот син.
11
Еден од Јоавовите слуги стоеше над Авесаја и велеше: »Кој му е верен на Јоава и кој е за Давида, нека оди по Јоава!«
12
А умрениот Амесај лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајќи, дека сите луѓе се запираат над него, го одвлече Амесаја од патот во полето и стави врз него облека, бидејќи виде, оти секој, што минуваше, се запираше над него.
13
Но кога тој беше одвлечен од патот, сиот народ Израилев тргна по Јоава да го гони Савеја, Вохоровиот син.
14
А тој мина низ сите Израилски племиња до Авел и Вет-Мах и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него.
15
И дојдоа и го опсадија Авел и Вет-Мах; издигнаа насип пред градот, се приближија до ѕидот, и сите луѓе што беа со Јоава, напнаа да го соборат ѕидот.
16
Тогаш една умна жена извика од градскиот ѕид: »Чујте, чујте, кажете му на Јоава да дојде ваму, и јас ќе поразговарам со него.«
17
Јоав се приближи до неа, и жената праша: »Ти ли си Јоав?« И тој одговори: »Јас сум.« Таа рече: »Чуј ги зборовите на слугинката твоја.« А тој одговори: »Слушам«.
18
Таа рече: »Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа делото. Има ли уште такви, кои се решиле да останат верни Израилци? Нека прашаат во Авел, има ли уште?
19
Јас сум од мирните, верни градови израилски, а ти сакаш да го сосипеш градот, и тоа мајката (на градовите) во Израилот. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?«
20
Јоав одговори и рече: »Далеку е од мене да сосипувам или да разурнувам!
21
Тоа не е така; но еден човек од Ефремовата гора, по име Савеј, синот Вохоров, крена рака против царот Давида; само него дајте ми го, и јас ќе отстапам од градот«. А жената му рече на Јоава: »Еве, неговата глава ќе ти биде фрлена од ѕидот.«
22
Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Савеј, Вохоровиот син. И му ја пресекоа главата на Савеј, Вохоровиот син, и му ја фрлија на Јоава. Тогаш Јоав затруби со труба, и сите луѓе се разотидоа од градот по шаторите свои; а Јоав се врати во Ерусалим при царот.
23
Јоав беше поставен над сета израилска војска, додека Ванеја, Јодаевиот син, над Хелетејците и над Фелетејците;
24
Адорам – над даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, – за летописец;
25
Суса – за писар; Садок и Авијатар – за свештеници;
26
исто така и Ирас Јаирецот беше свештеник при Давида.
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24