bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 13
Numbers 13
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 14 →
1
Потоа народот тргна од Асирот и се размести во шатори, во пустињата Фаран.
2
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
3
»Испрати од себе луѓе да ја разгледаат Хананската земја, која Јас им ја давам на синовите Израилеви во владение: по еден човек од секое племе според домовите нивни; испрати ги сите нивни старешини!«
4
Тогаш Мојсеј ги испрати од пустињата Фаран, по заповед Господова, и тие сите беа мажи, старешини на синовите Израилеви.
5
Еве ги имињата нивни: од Рувимовото племе – Самуил, Захуровиот син;
6
од Симеоновото племе – Сафат, Суриевиот син;
7
од Јудиното племе – Халев, Јефониевиот син;
8
од Исахаровото племе – Игал, Јосифовиот син;
9
од Ефремовото племе Авсис Навиновиот син;
10
од Венијаминовото племе – Фалтиј, Рафувовиот син;
11
од Завулоновото племе – Гудиил, Судиевиот син;
12
од Јосифовото племе на синовите Манасиини – Гадиј, Сусиновиот син;
13
од Дановото племе – Амиил, синот на Гамалин;
14
од Асировото племе – Сатур, Михаиловиот син;
15
од Нефталимовото племе – Навиј, Савиновиот син;
16
од Гадовото племе – Гудиил, Махиловиот син.
17
Тоа се имињата на мажите, што ги испрати Мојсеј да ја разгледаат земјата. И го нарече Мојсеј Осија, Навиновиот син, Исус.
18
Ги испрати Мојсеј од пустињата Фаран, за да ја разгледаат Хананската земја и им рече: »Одете во онаа пустиња и качете се на гората,
19
и погледајте ја земјата каква е, и народот, што живее таму: силен ли е или е слаб, малуброен ли е или е многуброен;
20
и каква е земјата, каде што живее тој, добра ли е или лоша; и какви се градовите, во кои живее, – оградени ли се или не.
21
Каква е земјата, плодна ли е или не, има ли на неа дрвја или нема? Поткрепете се, па земете од плодовите на земјата.« А тоа беше во пролет кога зреат јагодите.
22
Тие отидоа и ја разгледаа земјата од пустињата Син дури до Роов, близу до Емат;
23
и одејќи по пустињата, тие стигнаа до Хеврон, каде што живееја Ахиман, Сесиј, и Теламин, од родот на Енах; а Хеврон беше изграден седум години порано од египетскиот град Танин;
24
и дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа, и таму видоа прачка со еден грозд, ја пресекоа и обајцата ја понесоа на стап; зедоа и калинки и смокви;
25
тие го нарекоа тоа место лозова долина поради гроздот што го пресекоа таму синовите Израилеви.
26
И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена.
27
И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израилеви во пустињата Фаран, во Кадес, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја;
28
и му раскажаа и рекоа: »Бевме во земјата, во која ни испрати; во земјата каде што тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини;
29
но народот, што живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени со големи огради; таму го видовме и родот Енахов.
30
Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хетејците, Евејците, Јевусејците и Аморејците живеат по планината, Хананејците, пак, жиевеат крај морето и по брегот на Јордан.«
31
Но Халев го успокојуваше народот пред Мојсеја, велејќи: »Да идеме и да ја преземеме, зашто можеме да ја завладееме!«
32
А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: »Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас.«
33
И протурија ужасни гласови меѓу синовите Израилеви за земјата, што ја беа разгледале и велеа: »Земјата што ја изодивме, за да ја разгледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми.
34
И таму видовме исполини, од родот Енахов; ние изгледавме пред нив како скакулци, такви бевме и во нивните очи.«
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36