bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 27
Numbers 27
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 28 →
1
И дојдоа ќерките на Салпаад, син на Офера, кој беше син на Галаада, а тој – син на Махир, од поколението на Манасија, син Јосифов, и еве ги имињата на ќерките негови: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса;
2
и откако застанаа пред Мојсеја, пред свештеникот Елеазар, пред кнезовите и пред целото општество, при влезот од скинијата на сведоштвото, рекоа:
3
»Таткото наш умре во пустињата, и тој не беше меѓу соучесниците, што станаа против Господа заедно со луѓето на Кореј, туку умре поради свој грев, без синови.
4
Зашто да се загуби името на таткото наш меѓу племето негово поради тоа што нема син? Дајте ни дел меѓу браќата на таткото наш!«
5
И Мојсеј го изнесе прашањето нивно пред Господа.
6
А Господ му рече на Мојсеја:
7
»Право велат Салпаадовите ќерки; дај им наследствен дел меѓу браќата на таткото нивни и предај им го ним татковиот дел со жреб,
8
а на синовите Израилеви јави им и кажи: ‚ако некој умре, и не остави син, предавајте го наследството негово на ќерките негови;
9
ако, пак, тој нема ќерки, давајте го неговиот дел на браќата негови;
10
ако нема браќа, дајте го неговиот дел на стриковците негови;
11
ако, пак, нема ни стриковци, дајте му го неговиот дел на најблискиот роднина негов од неговото поколение да го наследи; и нека биде тоа закон за синовите Израилеви, како што му заповедал Господ на Мојсеја!‘«
12
И му рече Господ на Мојсеја: »Излези во онаа гора, која е од онаа страна на Јодан, во гората Навав, и погледај ја земјата Хананска, која им ја давам на синовите Израилеви во владение;
13
и откако ќе ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој на планината Ор;
14
зашто вие не ја послушавте заповедта Моја во пустињата Син, кога меѓу општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа се водите на расправија при Кадес, во пуситњата Син.«
15
И Му рече Мојсеј на Господа, велејќи:
16
»Господ, Бог на духовите и на секоја плот, нека одреди над овој народ човек,
17
кој ќе излегува пред нив, и кој ќе влегува пред нив, кој ќе ги изведува и кој ќе ги доведува, та да не остане народот Господов како овци без пастир.«
18
И му рече Господ на Мојсеја: »Земи го Иисуса, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ги врз него рацете свои.
19
Престави го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, нареди му и заповедај за него пред целиот народ,
20
и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите Израилеви;
21
а тој да се обрнува до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија Господови; и според зборот негов да излегуваат и според зборот негов да влегуваат тој и сите синови Израилеви со него и целото општество.«
22
И направи Мојсеј како што му заповеда Господ Бог, и го зеде Иисуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество;
23
и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36