bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 20
Numbers 20
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 21 →
1
Тогаш синовите Израилеви, целото општество, дојдоа во пустињата Син во првиот месец, и народот се задржа во Кадес; таму умре Маријам, каде што беше и погребана.
2
За народот немаше вода, и тие застанаа пред Мојсеја и Арона;
3
и роптаа против Мојсеја и велеа: »О, да бевме умреле и ние тогаш, кога умреа нашите браќа пред Господа!
4
Зошто го доведовте народот Господов во оваа пустиња, па да изумреме тука ние и добитокот наш?
5
И зошто ни изведовте од Египет, па ни доведовте на ова лошо место, каде што не може да се сее, каде што нема ни смокви, ни лозја, ни јаболка, дури ни вода за пиење?«
6
Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на сведоштвото, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова.
7
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
8
»Земи го жезалот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете и на карпата пред нив и таа ќе пушти од себе вода: и така, ти ќе им дадеш вода од карпата и ќе го напоиш народот и добитокот негов.«
9
Го зеде Мојсеј жезалот што е пред Господа, како што му заповеда Он.
10
И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: »Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?«
11
И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезалот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов.
12
И им рече Господ на Мојсеја и Арона: »Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја пројавивте Мојата светост пред очите на синовите Израилеви, вие нема да го воведете тој народ во земјата, која Јас му ја давам.«
13
Тоа е водата кај која синовите Израилеви возроптаа пред Господа, и Он се освети пред нив,
14
и испрати Мојсеј пратеници од Кадес до едомскиот цар за да му кажат: »Вака вели братот твој Израил: ти ги знаеш сите тешкотии, што ни снајдоа;
15
татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египтјаните лошо постапуваа со нас и со татковците наши;
16
и повикавме кон Господа, и Он го чу нашиот глас, па испрати Ангел, и ни изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадес, град до самите твои предели.
17
Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку села, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од потоците твои: туку ќе одиме по царскиот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.«
18
Но Едом им рече: »Не минувај преку мене, зашто со војската ќе излезам против тебе.«
19
И му рекоа синовите Израилеви: »Ќе одиме покрај гората, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; но нема да има никаква штета, зашто покрај гората ќе минеме.«
20
Но тој рече: »Не минувај преку мене!« И Едом излезе против него со многуброен народ и со силна рака.
21
И така, Едом не се согласи да му дозволи на Израилот да мине преку неговите предели. И Израил се повлече од него.
22
И се кренаа синовите Израилеви од Кадес, и целиот народ стигна до планината Ор.
23
И им рече Господ на Мојсеја и Арона на планината Ор, близу до пределите на Едомската земја, велејќи:
24
»Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите Израилеви, затоа што Ме огорчивте кај водата на расправија.
25
И земи го братот твој Арона и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор пред целиот народ;
26
и соблечи ја од Арона облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!«
27
И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на планината Ор пред очите на целото општество,
28
и ја соблече Мојсеј облеката од Арона и го облече со неа синот негов Елеазар.
29
И умре таму Арон на врвот од планината, А Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.
30
И целото општество виде дека Арон умре, целиот Израилев дом плачеше по Арона триесет дена.
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36