bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 5
Numbers 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 6 →
1
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2
»Заповедај им на синовите Израилеви да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаа излив на семе, и сите што се оскверниле од мртовец;
3
и мажите и жените истерајте ги, надвор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.«
4
Така и направија синовите Израилеви и ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви.
5
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
6
»Кажи им на синовите Израилеви: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господа, виновна е таа душа.
7
Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, спрема кого згрешил.
8
Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господа: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистувањето, над кој ќе се помоли тој за него.
9
И секоја првина, и си што се осветува за синовите Израилеви, а ќе го донесуваат за Господа при свештеникот, нему му припаѓа;
10
и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа, и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.«
11
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
12
»Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некого го извевери жената и го презре,
13
или ако некој преспие со неа и излие семе, и тоа се утаи од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена;
14
а него го обземе ли љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обзема љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета, –
15
тогаш мажот нека ја доведе жената при свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, на да не го полива со елеј и да не става на него ливан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие.
16
А свештеникот нека ја приведе жената и нека ја исправи пред Господа;
17
и да зема тој изворска вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата.
18
Потоа свештеникот да ја исправи жената пред Господа, и да и ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, – а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката измешаната вода, која носи проклетство.
19
И свештеникот да ја заколне и да и рече на жената: ‚Ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, невина биди.
20
Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе, –
21
тогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетва за проклетството и нека и рече: – Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе;
22
и да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши.‘ – А жената да каже: ‚Амин, амин.‘
23
И свештеникот да ја напише таа клетва на хартија, а потоа да ја избрише во измешаната вода;
24
и да и даде на жената да се напие од измешаната вода, што носи проклетство, и да влезе во неа водата, што донесува проклетство.
25
И да земе свештеникот од рацете на жената лебен принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господа, и да го однесе кај жртвеникот.
26
И свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да и даде да жената да ја испие водата;
27
и откога ќе ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, измешаната вода што носи проклетство, ќе влезе во неа, и стомакот ќе и се надуе, и утробата нејзина ќе се исуши, и таа жена ќе биде проклета меѓу својот народ.
28
Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ќе остане без повреда и ќе се оплодува од семе.
29
Тоа е законот за љубомора: кога жената ќе го изневери својот маж и ќе се оскверни,
30
или кога љубоморен дух ќе го обзема мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господа, и нека го изврши свештеникот над неа си она според овој закон, –
31
и мажот ќе биде чист од грев, а жената ќе го прими врз себе својот грев.«
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36