bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 16
Numbers 16
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 17 →
1
Кореј, синот на Исар, синот Каатов, синот Левиев, Датан и Авирон, синовите на Елиав, и Авнан, синот на Фалет, синови Рувимови,
2
востанаа против Мојсеја заедно со двесте и педесет мажи од синовите Израилеви, началници на народот, повикувани на собранието, мажи познати.
3
И се собраа против Мојсеја и Арона и им рекоа: »Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?«
4
Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум
5
и му кажа на Кореја и на сите негови соученици, велејќи: »Утре ќе покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Он ќе го избере, него и ќе го доближи до Себеси.
6
Еве што ќе направи: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците
7
и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господа; кого Господ ќе го избере, тој и ќе биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!«
8
И му рече Мојсеј на Кореја: »Чујте Левиеви синови!
9
Малку ли ви е тоа, што Бог Израилев ве оддели од Израилевото општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот Господов, служејќи за нив?
10
Он те приближи тебе и заедно со тебе сите твои браќа, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате.
11
И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господа. Што е Арон, па негодувате против него?«
12
Мојсеј испрати да го повикаат Датана и Авирона, Елиавовите синови. Но тие рекоа: »Нема да одиме!
13
Малку ли ти беше, што ни изведе од земјата, каде што тече мад и млеко, за да ни погубиш во пустињата, а сакаш уште и да господариш над нас; си станал кнез.
14
Ни воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја, или сакаш да им ги изведиш очите на тие луѓе? Нема да одиме!«
15
Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господа: »Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел осел, никому од нив не сум му направил зло.«
16
И му рече Мојсеј на Кореја: »Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и другите,
17
па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница – двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница.«
18
И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на сведоштовото; исто така и Мојсеј и Арон.
19
И Кореј ги собра против нив целото општество при влезот од скинијата на сведоштвото. И славата Господова се јави пред целото општество.
20
И им рече Господ на Мојсеја и Арона, велејќи:
21
»Секој од вас нека се истави од тие луѓе, и во еден миг ќе ги истребам.«
22
А тие паднаа ничкум и рекоа: »Боже, Боже на духовите и на секоја плот! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?«
23
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
24
»Кажи му на народот: отстапете наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона!«
25
И стана Мојсеј и отиде кај Датана и Авирона, и по него отидоа и старешините Израилеви.
26
И му рече на народот: »Тргнете со од шаторите на тие луѓе со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете заедно со нив во сите нивни гревови!«
27
Тие се тргнаа наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и жените нивни, и децата нивни, и стоката нивна!
28
Тогаш Мојсеј рече: »Во ова ќе познаете, дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси.
29
Ако умрат тие, како што умираат сите луѓе, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тоа тогаш Господ не ме пратил;
30
но, ако Господ изврши нешто необично, и земјата ја отвори устата и ги голтне и домовите нивни, и куќите нивни и си што има кај нив, и тие слезат живи во адот, тогаш уверете се, дека овие луѓе Го разгневиле Господа.«
31
Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе,
32
и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и домовите нивни, и сите луѓе заедно со Кореја и добитокот нивни,
33
и тие слегоа живи во адот со си што беше нивно, и земјата го покри, и нив ги снема од средината на општеството.
34
Сите Израилци, што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, за да не ни голтне, велеа тие, и нас – земјата.
35
Оган излезе од Господа и ги изгори оние двесте и педесет мажи, што беа принеле темјан.
36
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
37
»Кажи му на Елеазара, синот на свештеникот Арон, да ги собере бакарните кадилници на изгорените и туѓиот оган да го исфрли, бидејќи се осветија преку нивната смрт,
38
и да се сплескаат како листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, а затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите Израилеви.«
39
Тогаш Елеазар, синот на свештеникот Арон, ги зеде бакарните кадилници, што ги беа донеле изгорените, и ги сплеска на листови за оковување на жртвеникот,
40
за да помнат синовите Израилеви, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господа, за да не стане и со него она, што стана со Кореја и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеја.
41
На вториот ден целото општество на синовите Израилеви возропта против Мојсеја и Арона и рече: »Вие го уништивте народот Господов.«
42
И кога се собра народот, нападна на Мојсеја и на Арона, тие погледаа кон скинијата на сведоштвото,
43
и ете, ја покри облак, и славата Господова се јави. И влегоа Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото.
44
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
45
»Отстранете се од тоа општество и Јас во еден миг ќе ги погубам!« Но тие паднаа на колена.
46
И му рече Мојсеј на Арона: »Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господа, и почна да ги погубува луѓето.«
47
И зеде Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
48
застана меѓу мртвите и живите, и смртта престана.
49
Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореја.
50
Тогаш Арон се врати кај Мојсеја, при влезот од скинијата на сведоштвото, откако престана поморот.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36