bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 31
Numbers 31
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 32 →
1
И му рече Господ на Мојсеја велејќи:
2
»Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ќе се прибереш при народот свој.«
3
И му рече Мојсеј на народот велејќи: »Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
4
испратете во војна по илјада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.«
5
И од илјадниците Израилеви беа одделени по илјада од секое племе, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна.
6
И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
7
И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
8
а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
9
Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
10
сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
11
И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
12
И заробените, и ограбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон.
13
Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
14
И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
15
па им рече: »Зошто ги оставивте живи сите жени?
16
ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17
А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18
а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
19
И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници;
20
очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, си што е направено од козина, и сите дрвени садови.«
21
Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: »Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја:
22
злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
23
и си што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а си, што не минува низ оган, поминете го низ вода;
24
и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.«
25
И му рече Господ На Мојсеја, велејќи:
26
»Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
27
и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и меѓу целото општество.
28
А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од луѓе и од говеда, и од овците и од ослите;
29
земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа.
30
А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од луѓето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.«
31
И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
32
И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет илјади,
33
говеда седумдесет и две илјади,
34
осли шеесет и една илјада,
35
луѓе – жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души.
36
Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум илјади и петстотини, говеда триста и седум илјади и петстотини.
37
На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет;
38
говеда триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два;
39
осли триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден;
40
луѓе шеснаесет илјади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души.
41
И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
42
И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната, –
43
а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум илјади и петстотини,
44
говеда триесет и шест илјади,
45
осли триесет и пет илјади и петстотини,
46
луѓе шеснаесет илјади.
47
Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
48
И дојдоа при Мојсеја начлниците над илјадите од војската, илјадниците од стотниците,
49
и му рекоа на Мојсеја: »Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел.
50
Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол – златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа.«
51
И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки.
52
И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети илјади и седумстотини и педесет сикли.
53
Војниците беа грабала секој за себеси.
54
И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа.
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 32 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36