bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Numbers 3
Numbers 3
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 4 →
1
Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај.
2
Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар.
3
Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
4
Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа туѓ оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона.
5
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
6
»Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат;
7
и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата;
8
и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
9
И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви.
10
А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и сѐ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.«
11
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
12
»Ете, Јас ги зедов левитите меѓу синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои,
13
бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ.«
14
И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејќи:
15
»Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј си од машки пол од еден месец, и нагоре!«
16
И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано.
17
Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари.
18
А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј.
19
И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил.
20
И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни:
21
Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците.
22
Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини.
23
Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад.
24
Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов;
25
на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото,
26
оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови.
27
Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците;
28
Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето.
29
Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;
30
а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов;
31
тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи.
32
Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето.
33
Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови;
34
сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте;
35
началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна;
36
на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство,
37
столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.
38
А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој туѓинец, се доближеше, биваше убиен.
39
Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.
40
И му рече Господ на Мојсеја: »Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;
41
и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, – Јас сум Господ, – а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви.«
42
И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви;
43
и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади и двесте и седумдесет и три.
44
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
45
»Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.
46
А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите,
47
земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла,
48
и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број.«
49
И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите.
50
Од првородените Израилеви синови зеде сребро илјада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла;
51
и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36